Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Нетфликс“ ги избриша филмовите со Џони Деп

magicinfoto/BigStock.com

„Нетфликс“ ги избриша филмовите со Џони Деп

Сите филмови во кои настапува холивудската ѕвезда Џони Деп нема повеќе да се прикажуваат на популарната платформа „Нетфликс“ во САД и во Австралија.

„Нетфликс Америка“ и „Нетфликс Австралија“ одлучија да ги избришат од својот каталог со понуди сите филмови во кои се појавува Деп, а како причина за ваквата одлука се наведува судењето во Лондон меѓу американскиот актер, британскиот весник „Сан“ и поранешната сопруга на Деп – Амбер Херд.

Џони Деп го тужеше познатиот лондонски таблоид за еден напис во кој „Сан“ го обвини актерот дека ја тепал сопругата, направен врз основа на исказите на Херд.

Написот се појави во 2018 година, под наслов „Човекот кој ја тепа својата сопруга“.

Случајот се најде пред Вишиот суд во Лондон кој за главен сведок ја повика поранешната сопруга Херд.

Таа на сослушувањето не само што ги потврди наодите на весникот, туку и откри дека во текот на краткиот брачен живот со Џони Деп била „постојано изложена на семејно насилство“, прикажувајќи го познатиот актер и како насилник.

Тој ја загуби првата битка со „Сан“ која го чинеше два милиони долари, но веднаш по тоа почнаа да се редат и други „казни“.

Остана и без главната улога во филмскиот серијал “Фантастични ѕверови“, одново поради изходот на судскиот спор во Лондон и тешките обвинувања на Амбер Херд за насилство во бракот.

Продуцентската куќа „Вернер Брос“ му даде отказ на Деп и многу брзо најде и замена за него во филмот – актерот Мадс Микелсон.

Понатаму
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе