Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Рускиот „Наполеон“ осуден за убиство

ANTROPOGENEZ.RU: эволюция человека (Фотограф: Ирина Ефремова), 2018-02-11 Oleg Sokolov Оле́г Вале́рьевич Соколо́в 04, CC BY-SA 4.0

Рускиот „Наполеон“ осуден за убиство

Познатиот руски историчар Олег Соколов (63) од судот во Санкт Петербург е осуден на 12 години затвор за бруталното убиство на студентката и негова љубовница Анастасија Јешченко (24).

Соколов е познат во руската научна јавност како експерт за францускиот војсководец, а подоцна и цар, Наполеoн Бонапарта, како и за неговите воени походи и војни низ Европа и на територијата на Русија од тоа време. Како експерт тој беше професор на Универзитетот во Санкт Петербург, но и член на низа француски историски друштва и научни институти.

Жртвата искасапена

Но, во ноември минатата година беше обвинет за убиство и за искасапување на телото на неговата жртва!

По откривањето на злосторството, руската полиција го има пронајдено угледниот професор „мртов пијан“ крај брегот на реката Нева. Во ранецот што бил покрај него, полицајците ја нашле и отсечената рака на несреќната Јешченко.

Во текот на судењето, Соколов го признал злосторството. Објаснил дека прво пукал во студентката четири пати од пиштол, по што, мислејќи дека така лесно ќе го сокрие убиството, го има искасапено нејзиното тело.

Во еден момент, во судот се бранел дека пукал во младата жена откако таа го нападнала со нож, после една бурна расправија. Но, обвинителот, како и родителите на убиената кои го следеле процесот, го отфрлиле таквото тврдење, зборувајќи за жртвата како за мирна и ненасилна личност.

На судијата во судницата, професорот-убиец му признал дека сакал да ги сокрие сите исечени делови од телото на жртвата, но и дека после тоа, планирал, облечен како Наполеон, да изврши самоубиство.

Студентите предупредувале

Случајот ја има разбранувано руската јавност, затоа што Соколов има издадено десетина книги и научни студии за животот и за делото на Наполеон.

Убиената Јешченко, која била на пост-дипломски студии, учествувала во изработката на некои од неговите историски студии, а некаде се јавува и како коавтор на научните трудови на професорот.

Судењето, меѓутоа, откри дека студентите од порано предупредувале на однесувањето на рускиот „Наполеон“ и барале да интервенира универзитетската управа, но нивните приговори и жалби биле отфрлани.

Гневни поради она што се случи, студентите од државниот Универзитет во Санкт Петербург, сега собираат потписи, со петиција во која бараат одговорност за немарноста на управата кон однесувањето на Олег Соколов.

Единствено што Универзитетот направил е да му даде отказ на овој професор, кога бил уапсен за бруталното убиство.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе