Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Уште еден нов вид корона во Британија!

digitalista/BigStock.com

Уште еден нов вид корона во Британија!

Британските здравствени власти соопштија дека се откриени два случаи на уште еден, нов вид коронавирус, што досега не бил регистриран во Велика Британија.

Министерот за здравство Мат Хенкок изјави дека станува збор за нов вид корона кој потекнува од Јужна Африка. Заразените Британци – еден во Лондон, а другиот во северозападна Англија – претходно патувале и престојувале во оваа африканска држава.

Британските власти веднаш ги запреа сите летови и патувања кон и од Јужна Африка. Властите наложија сите оние кои во изминатите 14 денови биле во оваа земја, или пак на било кој начин биле во контакти со овие лице, задолжително и веднаш да останат во карантин.

Лондонските медиуми забележуваат дека овој нов вид коронавирус ги загрижува здравствените власти на Јужна Африка. Тамошниот министер за здравство изјавил дека станува збор за вирус кој е закана, пред се, за младите лица.

Тие мора да бидат максимално претпазливи зашто се покажа дека на удар се млади лица, кои претходно биле сосема здрави, но веднаш по заразувањето тешко оболуваат

…рекол овој министер.

Тој уште рекол дека овој нов вид се шири лесно и брзо и станува доминантен во некои области од Јужна Африка. Според признанието на министерот, властите се чувствуваат како одново да се во времето на почетокот од избувнувањето на ХИВ вирусот, кога лекарите беа целосно немоќни да се справат со болеста.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе