Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

„Оброците -главен извор на заразување“

viewapart/Bigstock.com

„Оброците -главен извор на заразување“

Угледниот француски институт „Пастер“ објави нова студија за ширењето на коронавирусот, според која – најмногу заразување се случува за време на ручек или вечера. Тоа се однесува како на јадењето дома, така и надвор, во расторан или било каков друг јавен објект каде се сервира храна.

Проблемот е во собирањето на повеќе луѓе на едно место, во затворени простории каде што маските за лице се симнати, а луѓето колку и да се држат до дистанцирањето еден од друг, што силно го препорачуваат епидемиолозите и Светската здравствена организација (СЗО), сепак во такви услови стануваат порелаксирани и помалку претпазливи.

Невнимателност и „лоша среќа“

Студијата на „Пастер“ доаѓа пред божикните и новогодишните празници, во време кога францускиот претседател е заразен и ставен во самоизолација. Неговиот случај и париските медиуми сега го користат како најдобрата илустрација за студијата на експертите на „Пастер“.

Станува збор за тоа дека Емануел Макрон (како го опишуваат медиумите) бил внимателен и се однесувал онака како советуваат епидемиолозите – секаде се појавувал со маска на лицето и се придржувал на одржувањето дистанца до два метри на сите свои бројни средби што ги имал во изминатите недели- како дома, во Париз и во Франција, така и во странство, а тоа се Брисел и седиштето на ЕУ.

Меѓутоа, откако стана јасно дека е заразен со корона, прво самиот тој има признанено дека можеби во некои ситуации бил и невнимателен, освен што смета дека неговото заразување е   „лоша среќа“, а потоа  медиумите открија дека Макрон присуствувал и на бројни ручеци и вечери. Сите тие биле службени и работни, затоа на нив не присуствувала неговата сопруга, која сега е негативна, но на сите такви собирања попушта самодисциплината.

За празниците – дома

А, тоа не е само појава кај шефот на француската држава кој бил  „ уловен“ од  тв камерите и како се има загрлено со некои високи воени функционери, честитајќи им го назначувањето на новите позиции, туку тоа е ситуација во која секојдневно се наоѓаат илјадници Французи, па затоа и бројот на новозаразените во  Франција е еден од највисоките во ЕУ.

Таква е ситуацијата и во другите држави на Унијата и во другите делови од Европа, па поради тоа вториот (есенски) бран е  потежок и помасовен од првиот, пролетоска, кога голем број земји ги имаат поминато полесно – со помалку заразени и со помал број жртви.

Сега, пред празниците, здравствените експерти инсистираат од владите на сите земји да ги применат најстрогите мерки за изолација и карантин- на тој начин што Божик би се празнувал само во домашни услови и тоа во максимално намален круг луѓе, од најтесното семејство, а сите масовни пречеци на Новата година, да се откажат.

Внимателно на свечениот ручек

Локдаунот се шири низ Европа и овој крај на старата и почетокот на новата 2021 година, секако, ќе биде најтмурен досега, но епидемиолозите предупредуваат на потенцијалната хаотична здравствено-санитарна ситуација доколку тоа не се направи- веќе во јануари. Без разлика на започантото вакцинирање против коронавирусот.

На тоа сега доаѓа и најновата студија на институтот „Пастер“ за тоа дека времето за ручек, или за вечера е едно од главние извори на заразувањето. Епидемиолог на овој институт за радио Франс Ентер рекол дека не се сугерира целосна забрана на божикните среќавања , туку советот е тие да се сведат на многу мал број луѓе, а за критичните моменти- како што го нарекол времето за јадење- да има малку луѓе на трпезите и во секој случај- да не седат сосема блиску еден до друг.

Американските експерти, во меѓувреме, како за нивниот празник Денот на благодарноста, така и сега за Божик и Нова година, сугерираат- таму каде е тоа можно- собирањата ( исто така во мал број) да бидат на отворено. Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи уште на крајот на летото предупредуваше да се одбегнува јадење во ресторан.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе