Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Довер го запре сообраќајот со Франција

Sue Martin/Bigstock.com

Довер го запре сообраќајот со Франција

Почнувајќи од недела на полноќ, па во наредните 48 часа, пристаништето во англискиот јужен град Довер, на брегот на Ла Манш, е затворено за сите видови возила.

Британските власти ја донесоа оваа одлука откако Франција претходно го запре движењето на камионите, како епидемиолошко-санитарна мерка на претпазливост, поврзана со стравот од префрлање на француската страна на новиот вид коронавирус.

Минатата недела во јужните делови од Англија, главно во областите Кент и Есекс, како што утврдија британските епидемиолози, се рашири нов тим од вирусот кој многу побрзо се шири.

Стравот на камионџиите

За ова, во понеделник во Лондон се среќава групата за вонредни ситуации Кобра, а во Брисел, за појавата на новиот вид вирус ќе расправа и ЕУ.

Британската страна, засега, ќе ги пропушта возилата, камионите и транспортите од Франција кон Британија, но во Лондон се стравува дека камионџиите нема да сакаат да возат , стравувајќи од можноста, поради новата ситуација да останат заглавени на британска територија- да не можат да се вратат назад.

Британскиот министер за транспорт Грант Шапс и препорача на домашната јавност, како и на превозниците да не патуваат- се до среда- кон пристаништата во Кент, вклучувајќи го и она во Довер.

Криза во снабдувањето?

“Очекуваме значително пореметување во сообраќајот на југот од земјата. Довере и онака веќе е затворено пристаниште за патување кон Франција и Европа и така ќе остане до следното информирање“- рекол министерот Шапс.

Околу десет илјади камиони, дневно, патуваат меѓу Довер и Кале, на другата страна од Ла Манш , во време на пикот на сообраќајот, во неделите пред Божик и Нова година.

Но, ситуацијата со новиот вид на корона, како и рестикциите што освен Франција почнаа да ги воведуваат и другите земји во британското опкружување, може да предизвика нарушување во редовното снабдување. Тоа посебно се однесува на состојбата во Британија и пред се, во снабдувањето со прехранбени производи и со храната воопшто, како и неможниоста да се реализираат нарачките од британска стока на континентална Европа.

„Новиот вид корона- надвор од контрола“

Шкотската прва министерка Никола Старџен, затоа, ја повика владата во Лондон да не се инаети и да го продолжи рокот на транзицијата, за Брегзит, не само за да се дојде до договор со ЕУ, туку и затоа што појавата на новиот вид корона, може уште повеќе да ја закомпликува и да ја отежне ситуацијата.

„Ситуацијата станува алармантна и затоа се бара 100 отсто алармантност“- изјавила Старџен во Единбург.

Нејзината изјава доаѓа по признанието на британскиот министер за здравство Мат Хенкок дека “новиот вид од коронавирусот излегува од контрола“.

Неколку европски држави – Ирска, Германија, Франција, Холандија и Белгија ги имаат запрено летовите кон и од Британија, како што го имаат запрено и товарниот транспорт и сообраќај.

(Д.Л.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе