Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Том Круз се заканува со откази

Joe Seer/BigStock.com

Том Круз се заканува со откази

Американскиот актер и продуцент Том Круз, на лондонскиот сет на новиот, седми по ред филм од серијата „Невозможна мисија“ им се заканувал на членовите од екипата со откази, доколку не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Лондонскиот таблоид „Сан“ кој ја открива ваквата „напната“ ситуација на сетот на филмот, тврди дека за „викотниците“ и гласните и нервозни прекори на Круз постои и аудио снимка, но не открива кога таа е направена.

Снимање под надзор

На снимката, според весникот, американскиот актер, налутен, им забележува на луѓето на сетот што не носат маски на лицето, или не се придржуваат на социјалното дистанцирање дури и кога за тоа постојат услови,, како на паузите од снимањето и секогаш кога работата насетот тоа го овозможува.

Според Круз, токму обврската за придржување на мерките за чување од пандемијата, бил условот да се добие согласност да се продолжи работата на филмот и во сегашните услови на епидемија.

Викајќи по луѓето од екипата тој им рекол дека сите се под постојано надгледување и од продуцентите и од осигурителните компании и дека тоа никако не смее да го заборават.

Затоа ако некој не сака да се придржува на задолжителните мерки може веднаш да си замине.

„Доколку некој тоа го повтори, нека знае дека ќе добие отказ и тоа веднаш“ – налутен викал Том Круз по луѓето на сетот на филмот во Лондон.

Премиера во ноември 2021

Седмиот дел од „Невозможна мисија “ почна да се снима во Италија на почетокот од оваа година, но беше прекинат во февруари, поради налетот на коронавирусот.

Екипата одново се собра, а снимањето продолжи во септември, пак во Италија.

Од таму сите се преселиле да работат во Норвешка, каде Круз има барано од тамошниот премиер гаранции дека властите од своја страна ќе направат се што треба за да екипата не биде зафатени со епидемијата.

Сега екипата на овој филм – серија е во британскиот главен град. Неговата премиера е предвидена за ноември 2021 година.

Филмската серија за детективот Итан кој изведува невозможни мисии, продолжува да носи приходи за компанијата „Парамаунт“. Последниот, шести дел од серијата, во 2018 година оствари приход од 800 милиони долари.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе