Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Бугарија најсиромашна членка на ЕУ

Belish/BigStock.com

Бугарија најсиромашна членка на ЕУ

Во најновото рангирање на земјите членки на ЕУ, што го има направено Евростат, Бугарија и натаму останува на последното место – како најсиромашна меѓу сите 27 држави во Унијата. Рангирањето е направено според потрошувачката извршена по жител и се однесува на 2019 година.

Како втора најсиромашна во Унијата сега е Хрватска, која е членка на ова елитно европско друштво од јули 2013 година.

Според направеното истражување на Евростат – девет земји, според овие параметри, се над просекот на целата Европска Унија. На прво место, убедливо, останува Луксембург.

Ова минијатурно војводство во срцето на Западна Европа, сместено меѓу Франција, Германија и Белгија, е најбогатата европска земја, сметано според приходите по глава на жител, но Луксембург е пред сите во Унијата и според потрошувачката по жител. Земјата е дури 35 отсто над просекот на ЕУ.

Богати и сиромашни

Втора е големата и моќна Германија, со потрошувачка по глава на жител што е 22 отсто над европскиот просек.

Во групата држави во кои индивидуалната потрошувачка изнесува меѓу девет и 18 отсто, над просекот на Унијата, се Австрија, Белгија, Данска, Холандија, Финска, Франција и Шведска.

Ова рангирање според потрошувачката по жител, ја покажува платежната способност на жителите на секоја од 27 – те земји, а на тој начин и го одредува и степенот на богатството/сиромаштијата. На тој план, последниве години се регистрирани и определени разместувања на дел од државите.

Тоа посебно е видливо кај некои од членките од Источна Европа, поранешни комунистички држави, а како позитивен пример, кога станува збор за мерењето на овој параметар, е посочена Романија.

Напредок на Романија

Таа во ЕУ влезе на 1 јануари 2007 година, заедно со Бугарија и тогаш важеа за две посиромашни држави од Балканот кои во Унијата беа опфатени со бранот од масовно ширење на ЕУ и со прибирање на земјите од другата страна на некогашната „железна завеса“ во поделената Европа.

Уште во 2015 година, Романија ја помина Хрватска и сега земјата е на ниво од 79 отсто од просекот на ЕУ, додека поранешната ЈУ република, е претпоследна со 66 отсто од европскиот просек на лична потрошувачка. Зад неа е само Бугарија.

Романија, пак, која пред 13 години се „бркаше“ Бугарија, на најновата ранг – листа на Евростат се изедначи со Полска, која по бројот на населението, после Брегзит би требало да биде четвртата економија во Унијата.

Романија, меѓутоа, ја има надминато и Грција. Оваа дамнешна членка на поранешната ЕЕЗ, сега ЕУ, на југот од континентот, бележи лична потрошувачка по жител од 78 отсто од просекот на ЕУ.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе