Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Вилијам Бар казнет за „нелојалност“

Office of Public Affairs from Washington DC, NPOMS 2019-110 (47809910352), CC BY 2.0

Вилијам Бар казнет за „нелојалност“

Американскиот министер за правда Вилијам Бар, еден од најлојалните сојузници на Доналд Трамп, заминува од функцијата на три недели пред заминувањето на досегашниот претседател и на целата негова администрација.

Повлекувањето на Бар извесно време беше најавувано во медиумите во САД, но потврда за тоа даде Трамп, на својот вообичаен начин, со информација на Твитер, онака како што тоа го направи и со низа свои соработници – државни секретари, советници, па и со претходникот на Бар.

Претседателот на заминување има (цинично) напишано дека досегашниот министер за правда и државен обвинител – „веројатно сака да биде со своето семејство за божикните празници“.

Нема изборна измама

Судирот меѓу нив двајцата се случи тогаш кога Бар призна јавно дека нема никаква изборна измама и дека всушност нема причина за да се поништи изборната победа на демократскиот кандидат Џо Бајден.

Тоа го има разгневено Трамп, кој изјавата на својот близок соработник ја има оценето како „нелојалност“, па во една од своите бројни изјави со кои сака да го дисквалификува Бајден, како нов претседател на САД, остро им замери на Министерството за правда и на федералната полиција што „не помогнале да се докаже измамата на изборите“!

Како и многупати во изминатите години, од како Трамп е во Белата куќа, ситуацијата со Бар беше – да си поднесе оставка, како што тој се одлучи, или пак да биде сменет – како што тоа минатиот месец му се случи на последниот секретар за одбрана.

Во таква ситуација своевремено се најде и претходниот министер Џон Сисанс, исто така близок сојузнинк на Трамп, кој беше обвинуван од претседателот, што не интервенира околу легалната постапка – истрагата на независниот истражител Роберт Малер, за мешањето на Русија во претседателските избори во 2016 година.

Преседани на Трамп

Вилијам Бар долго време стоеше зад Трамп во сите негови потези, во пост – изборниот период, толерирајќи ги и оние на адвокатот на претседателот на заминување – Руди Џулијани, за кои правни експерти предупредуваа дека се на „границата од легалноста“.

На крајот, меѓутоа, мораше да реагира и да признае дека нема фалсификувани избори и дека поразениот (Трамп) не може да се именува во изборен победник.

Елиминирајќи го и Бар во ова време на политичка транзиција, Трамп уште еднаш потврди дека со леснотија прави преседани во политичката пракса во САД и ги урива веќе усталените правила.

Никој до сега нема преземано чекори да „казнува“ и да сменува државни секретари во последните денови од администрацијата, пред таа да и ја предаде власта на новата, на 20 јануари.

Меѓутоа, Доналд Трамп веќе го смени шефот на американскиот Пентагон, а сега го тргна од функцијата и можеби својот најлојален сојузник во администрацијата

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе