Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Магарешко млеко како лек!?

Tanya69/BigStock.com

Магарешко млеко како лек!?

Магарешкото млеко во Албанија станува вистински хит и се нуди како некаков „чудотворен лек“, откако на една мала фарма, во село јужно од Тирана, се разбра дека се одгледуваат магариња, а од женките се молзе млеко за кое се тврди дека е мошне здраво.

Веста за овој вид млеко, се има раширено низ европските медиуми, кои јавуваат дека за да се купи магарешко млеко – домашно животно најпознато по својата тврдоглавост, луѓето чекале во редови. Зголемената побарувачка, брзо ја има зголемено и неговата цена, па се тврди дека на “црниот пазар“ за еден литар сега се барало и се плаќало и по 50 евра.

Сопственикот на малата фарма има речено дека побарувачката почнало забрзано да се зголемува откако во Албанија почнал брзо да расте бројот на новозаразените од корона вирусот и да се зголемува бројот на починатите.

Оние кои водат кампања за заштита на овие животни, велат дека токму короната успеала да им го олесни животот на магарињата во оваа земја, каде обично се чуваат за да носат тешки товари по албанските, планински беспаќа. Наместо за товар, на фармата тие живеат пасејќи и одморајќи се, за да магариците даваат повеќе млеко.

Сопственикот на фармата рекол дека таа е една од двете магарешки фарми во земјата. Засега тој може да обезбеди само по три литри млеко, на ден.

Сепак, тој не го нуди ова млеко како лек за лечење од короната. Но луѓето се убедени дека тоа е хранливо, полно со потребните витамини, па затоа го сметаат како лековито – за зајакнување на имунитетот на луѓето.

Некои од купувачите изјавиле за медиумите дека магарешкото млеко, што се нуди во шишенца од 250 грама, се зема за побрзо опоравување на оние кои веќе го имаат прележано Ковид-19.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе