Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Холандија: Напади врз полски супермаркети

ILONA TITOVA/BigStock.com

Холандија: Напади врз полски супермаркети

Експлозивна направа, веројатно направена во домашни услови, експлодира пред продавница која продава само полски производи. Инцидентот се случил холандскиот град Бевервијк – соопшти локалната полиција.

Според холандските медиуми покрената е обемна истрага, затоа што ова е трет ваков напад во последните 24 часови. Во последниот напад, нема повредени, а ниту загинати, но затоа пак е предизвикана голема материјална штета.

Првите два напади, што се случиле во вторникот во раните утрински часови, биле на две различни локации – едниот на северот од земјата, во местото Алсмер, а другиот на холандскиот југоисток, во Хертогенбош.

Непознати мотиви

Засега никој не е уапсен, а полицијата признава дека во овие моменти не може да го најде и мотивот – дали станува збор за обичен криминал и за таков вид пресметка, или пак во прашање е политика.

Вакви продавници, во кои доминираат полски прехранбени производи, има во сите западноевропски држави каде се имаат населено полски државјани, дојдени по големиот наплив на полски мигранти, откако Полска, на 1 мај 2004 година, влезе во ЕУ.

Во таа прва година, се случи вистински егзодус на Полјаци кои со цели семејства се населуваа на Западот, сега веќе како граѓани и државјани на Европската Унија.

По некоја година, почнаа да никнуваат полски продавници и супермаркети, што главно беа во сопственост на лица кои немаа полско потекло. Најчесто тоа беа исто така мигранти од земјите на Азија – главно Пакистанци, Индуси и Сриланканци.

Полска во судир со Европејците

Бизнисмени дојдени од Полска, исто така, отвораа продавници кои ги имаа наполнето со производи внесени од Полска, а таква е состојбата и со трите нападнати продавници на холандска територија.

Во полициското соопштение се вели дека две од нив се во сопственост на лица кои не се Полјаци.

Полска во ова време е во остар судир со Брисел, со Европската комисија и со ЕУ, откако владата во Варшава стави вето на донесувањето на новиот, седумгодишен буџет на Унијата, како и на масивниот финански пакет од 750 милијарди евра, помош за СИТЕ членки на ЕУ, за санација на економиите погодени со глобалната пандемија со коронавирусот.

Полска (заедно со Унгарија) ги блокираат буџетот и помошта, затоа што користењето пари од европските фондови од сега ќе се врзува и условува со владеењето на правото.

Целата оваа постапка требаше да биде завршена уште минатиот месец, но спротивставувањето на овие две источно – европски земји членки, го оддолжува усвојувањето на буџетот и на санациониот пакет, што според европските медиуми, ги има разгневено како владите на другите членки на ЕУ, така и луѓето кои нестрпливо ги очекуваат овие пари.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе