Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Кина е најголемата закана за демократијата“

Al.geba/BigStock.com

„Кина е најголемата закана за демократијата“

Првиот човек на американските разузнавачки агенции Џон Ратклиф изјави дека Кина претставува најголемата закана за демократијата и за слободата во светот, после Втората светска војна.

Неговата изјава доаѓа по соопштението на актуелната американска администрација, сега на заминување, дека го заострува режимот за издавање визи за членовите на комунистичката партија на Кина.

Во авторски текст, објавен во весникот „Вол Стрит Џорнал“ кој важи за мошне близок до републиканската администрација на Доналд Трамп, директорот Ратклиф го осудува кинеското однесување, обвинувајќи го Пекинг за „грабеж на деловни тајни и на американска одбранбена технологија“.

Подготвеност за конфронтација

НР Кина е најголемата закана, затоа што стана сила крадејќи американски тајни, а потоа заменувајќи ги американските фирми на пазарот – пишува шефот на тајните служби на САД. Претседателот на заминување, Трамп зазеде тврда позиција кон Кина, воведувајќи екстра тарифи за кинеските производи и обвинувајќи ги властите во Пекинг за „грабеж на интелектуална сопственост“.

Ратклиф споменува и операции во кинески агенти користат економски притисок за да влијаат, или да и да ги компромитираат американските законодавци. „Всушност, кинеските лидери се обидуваат – правата на поединци да ги подредат на волјата на комунистичката партија“ – тврди Ратклиф.

Тој уверува дека Кина се подготвува за конфронтација со САД, затоа што имаат намера да доминираат со светот – економски, воено и технолошки.

„Војна” со Австралија

Претходно, со вакви остри квалификација за Кина и за кинеската политика имаат огласено и државниот секретар на САД, Мајк Помпео и генералниот директор на ФБИ, Кристофер Вреј.

Написот и ставовите презентирани од Ратклиф доаѓаат и во време на остра конфронтација на официјален Пекинг со Австралија, со која има отворено трговска војна, наметнувајќи и на Канбера екстра трговски тарифи, а во поново време и војувајќи на социјалните мрежи, дисквалификувајќи ја Австралија и заканувајќи се дека трговската војна би можела и да се засили!

Според безбедносни и политички експерти, покрената „војна“ со Австралија, како силен сојузник на САД, посебно сегашната влада во Канбера со претседателот Трамп, само ја покажува кинеската амбиција – да доминира во Пацификот и тоа да не го дели со никого, вклучувајќи ја пред се, Австралија.

Нов визен режим

Паралелно со позициите на Ратклиф во „Вол Стрит Џорнал“, Стејт департментот објави дека членовите на КП на Кина се непријателски расположени кон американските вредности. А, тоа сега се користи како објаснување за новите и драстично построги визни правила за Кинезите, членови на партијата, како и за нивните семејства.

Американските визи за оваа категорија луѓе, сега ќе имаат важност од само еден месец по издавањето и ќе се однесуваат само за едно патување. Прописите веднаш стапуваат во сила. Досега, визите за Кинезите се издаваа со важност до десет години, со неограничен број влегувања.

(В.А.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе