Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Иванка Трамп на сослушување во обвинителството

Иванка Трамп на сослушување во обвинителството

Ќерката на Доналд Трамп, Иванка, која во се уште актуелната администрација беше и еден од советниците во Белата куќа, била повикана во регионалното обвинителство на Дистриктот Колумбија (Вашингтон), каде била испрашувана, под заклетва, за злоупотреба на парите за инаугурацијата на нејзиниот татко, пред четири години.

Во обвинителството таа не била на информативен разговор, туку била испрашувана во својство на сведок, за случај што е покренат по приватна тужба, поднесена уште во јануари оваа година.

Обвинителството сега треба да утврди дали Иванка Трамп (како и Комитетот за инаугурација на тогаш избраниот претседател Доналд Трамп) ги има злоупотребено парите од непрофитните фондови определени за чинот на инаугурацијата, кои како што стои во тужбата – биле употребени за да се збогати семејството Трамп.

Според тужбата, непрофитната организација, има платено над 300 илјади долари, повеќе пари од предвидените, за организирање на приватниот прием кој бил закажан и се одржал во хотелот „Трамп“ во Вашингтон. Приемот се одржал на денот на инаугурацијата на претседателот Трамп, во јануари 2017 година.

Регионалниот обвинител, Карл Расин, уште порано има изјавено дека според американските закони, од непрофитна организација (во случајов Комитетот за инаугурација) предвидените средства да ги употреби и да ги потроши само за предвидената јавна цел. Тие средства никако не смее да бидат во полза на приватни лица, или на било која приватна компанија.

Белата куќа засега одбива да го коментира сослушувањето на советничката Иванка Трамп.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе