Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Дипломатска секс и дрога журка во Брисел

f9photos/BigStock.com

Дипломатска секс и дрога журка во Брисел

Дваесетина лица, мнозинството мажи – дипломати и европратеници, меѓу нив повеќемина припадници на унгарската владејачка партија Фидес, на Виктор Орбан, се откриени од полицијата во Брисел, откако биле фатени на приватна, развратна забава, во време кога мерките за заштита од коронавирусот тоа не го дозволуваат.

Локалните медиуми кои на случајот му посветуваат значителен публицитет, тврдат дека на секси журката, „зачинета“ со многу дрога и алкохол, имало вкупно 25 „веселковци“, сметајќи ги и “неколкуте жени“ .

Кога полицијата се втурнала во просториите каде била забавата, затекнала вистински развратна сцена. Мнозинството од мажите биле голи, имало призори од групен секс, пијани гости, разни пијачки и дрога.

Неуспешно бегство на Унгарецот

Еден од присутните на забавата, се обидел да избега, преку прозорецот, но притоа се повредил. Случаен сведок и рекол на бриселската полиција дека видел како разголен маж трча по некој канал, со раскрвавени раце и тој е единствениот (засега) кој е откриен и идентификуван.

Станува збор за унгарскиот европратеник Јожеф Задер кој бил уловен од полицијата. Го идентификувале според дипломатскиот пасош, што го оставил во ранецот, бегајќи од секси журката, во обид да се сокрие. Во неговиот ранец полицајците откриле и дрога.

Бил приведен во полицијата, како и другите на забавата, но по сослушувањето сите биле парично казнети за прекршување на мерките за заштита од короната, затоа што во недозволен број правеле забава, во време кога би требало да бидат дома, или во хотелски соби. Никој не е уапсен, затоа што сите се повикале на својот дипломатски имунитет.

Лажна моралност

Откриениот Задер се покажа дека не е било кој. Станува збор за висок функционер на конзервативната, десничарска, анти-либерална партија Фидес, која веќе десет години е на власт во Унгарија.

Оваа партија, инаку, во унгарската јавност, но и во европски и регионални рамки, секаде каде со пари настојува да обезбеди поддршка за својата националистичка идеологија – „продава“ длабоко конзервативни, строго морални и речиси религиозно „чисти“ начела и ист таков ред и поредок. Се покажа уште еднаш дека моралот и моралните начела на оваа партија се лажни.

Унгарскиот европратеник, во меѓувреме, признал дека бил на секси журката и соопштил дека поднесува оставка на функцијата во Европскиот Парламент. Не се знае што е со другите кои биле на забавата.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе