Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Почина Диего Марадона

Diego Torres Silvestre from Sao Paulo, Brazil, Graffiti of Diego Armando Maradona. (17381121), CC BY 2.0

Почина Диего Марадона

Поранешниот фудбалер и ѕвезда на аргентинскиот и на светскиот фудбал – Диего Марадона, почина во една болница во Буенос Ајрес, како последица на срцев удар. Имаше 60 години.

Медиумите во Аргентина јавија дека Марадона срцев удар има добиено во својот дом, по што итно бил префрлен во болница, но таму починал само неколку минути после пристигнувањето, пред воопшто лекарите да можеле било што да преземат.

Иако спортист, поради долгиот неспортски живот, зависноста од алкохолот и дрогата, посебно по повлекувањето од фудбалот, Марадона имаше сериозно нарушено здравје, во последните дваесет години, кога многу често беше на лекување.

Зависник од кокаинот и алкохолот

Срцевиот удар го има задесено додека се опоравувал од сериозната операција на мозокот, извршена на почетокот од овој месец. Иако тешка, лекарите со оптимизам имаат зборувано дека тој брзо ќе се опорави.

Но, уште во 2000 година, го има доживеано првиот срцев удар, тогаш како последица на големата зависност од кокаинот. Неколку години по тоа, има поминато на рехабилитација за одвикнување од наркоманијата, кога често престојувал и на Куба. Пет години подоцна, меѓутоа, лекарите му имаат вградено и бај-пас на желудникот, за да може да ослабне и за да ја намали преголемата тежина.

Во 2007 година, одново е префрлен во болница, откако заболел од хепатитис, што лекарите го врзуваат за алкохолизмот од кој не можел да се излекува. Ниту дрогата ја нема оставено, па на последното светско првенство во Русија, во летото 2018 година, камерито го „уловија“ како лежи во бесознание, во своето седиште, во свечената ложа, за време на еден меч на репрезентацијата на Аргентина.

Гол со „божја рака“

Фудбалските стручњаци, сепак, го сметаат за еден од најголемите фудбалери на светот, веднаш до прославениот Бразилец – Пеле.

Има настапувано за низа клубови на три континенти- за „Бока Јуниорс“, за „Барселона“, италијански „Наполи” па одново во шпанската лига за „Севиља“„и за „Њуелс Олд Бојс“. За аргентинската репрезентација настапувал 91 пати и има постигнато 34 голови.

Едно време беше и селектор на репрезентацијата на својата земја и со неа беше на Светското првенство во 2010 година, но без некој голем успех. Аргентинците испаднаа во четвртфиналето.

Во фудбалската игра важеше за мајстор, но светот ќе го памети и по тоа што како играч, на светското првенство во 1986 година, даде гол со рака, во мечот со Англија од четвртфиналето. За голот, Марадона има речено дека бил даден со „божја рака“, која помогна Аргентина, на тоа првенство, да стана светски првак.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе