Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Саркози на суд за политичка корупција

antvlk/BigStock.com

Саркози на суд за политичка корупција

Поранешниот француски претседател Никола Саркози (65) е на судење, обвинет за корупција (политичка) во т.н. „случај прислушување“, како првиот шеф на француската држава, по Втората светска војна, кому му се суди за ваква кривично дело.

Заедно со него, на обвинителната клупа се и неговиот поранешен адвокат Тијери Херцог и судијата во пензија Жилбер Азибар.

Пред Саркози, во Франција имаше судење само за еден поранешен претседател – Жак Ширак. Станува збор за еден долгогодишен случај во кој Ширак беше обвинуван, а на крајот и осуден за проневера на јавни (државни) средства. Во 2011 година беше осуден на две години затвор-условно.

Скандалот со екс премиерот

Саркози  за домашните медиуми изјавил  дека е подготвен за „битка во судот“, отфрлајќи го при тоа обвинувањето. Според него „ целиот случај претставува скандал кој ќе влезе во аналите на француското правосудство“.

Од политиката сосема се повлече , откако беше поразен на внатре-партиските избори во неговата , републиканска, десно-центристичка партија, кон крајот на 2016 година, за претседателските избори во 2017 година. Беше поразен од поранешниот премиер Франсоа Фијон, кој така стана фаворит за влез во Елисејската партија.

Но набрзо, по тоа, Фијон мораше да се повлече од изборната трка, а и од политиката, откако беше обвинет за измама. Со години на ред, од државниот буџет и давал „ плата“ на неговата сопруга, која во францускиот Парламент ја пријавил како „советник“ , иако таа не ја  извршувала таа работа. И тој и сопругата подоцна беа осудени.

Останувајќи без свој кандидат, но и без довербата на нивните гласачи, француските републиканци, тогаш  застанаа  зад кандидатурата на либералот Емануел Макрон , за да не се отвори пат за победа на ултра-десницата, предводена од Марин Ле Пен.

Тргување со  влијание

Во случајот на Саркози, обвинителството инсистира дека има „доволно докази“ за неговата вина , па доколку биде осуден, би можел да добие 10 години затворска казна и уште ќе мора да плати и парична казна од еден милион евра.

Поранешниот претседател е обвинет за политичка корупција, или како стои во обвинувањето за „ тргување со влијание и за обид да подмити судија“, во замена за добивање информации за една друга истрага- која се однесува за можните малверзации околу финансирањето на неговата ( републиканска) партија.

Во целото ова случување се потсетува на прислушувањето. Во прашање е одлуката на судот, од  2013 година- да се прислушува телефонот на Саркози. На тој начин истражните власти , уште на  почетокот од 2014 година, откриле дека тој користи „тајна линија“ – пријавена под лажното име Пол Бизмут, само за да може да комуницира со неговиот поранешен адвокат, сега второ-обвинетиот  Тијери Херцог.

Прислушувањето и помага на истрагата

Обвинителството тврди дека токму  преку прислушуваните разговори на Саркози и Херцог го откриле нивниот договор за (политичка) корупција. Или, за тоа, поранешниот претседател да обезеди висока функција (за оној што требало да биде подмитен), а за возврат да  добива  информациите за истрагата против него!

Станува збор за настојувањата на Саркози и на неговиот адвокат да го поткупат (тогаш) францускиот судија Жилбер Азибер, обезбедувајќи му висока функција (министер за правосудство) во кнежевството Монако. За таа почест,тој  требало да известува како тече истрагата.

А, таа истрагата се однесува за „тајните донации“ околу  финансирањето на претседателската кампања на Никола Саркози, за изборите во 2007 година. Тој се обвинува дека примил пари од странска држава ( што француските закони не го дозволуваат). Според обвинителите,  во прашање се пари од тогашниот либиски лидер Моамер Гадафи.

(П.Ф.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе