Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

„Турција и Русија контра Франција“

CatherineL-Prod/BigStock.com

„Турција и Русија контра Франција“

Францускиот претседател Емануел Макрон ги обвини Турција и Русија дека дејствуваат против Франција, креирајќи анти-француско расположение во Африка. Во интервју за најугледниот африкански неделник (на француски јазик) „Жен Африк“ тој, исто така, го има брането својата визија за улогата на поранешната колонијална сила на африканскиот континент.

„Постои стратегија што ја предводат некои африкански лидери, а особено некои странски земји- како Русија и Турција – кои играат на тоа да ја распалуваат пост-колонијалните огорченост. Не треба да се биде наивен за овие работи. Многумина кои зборуваат, пишуваат и се јавуваат во француските медиуми, се финансираат од Русија и од Турција“ – рекол Макрон.

Погрешно толкување од Анкара

Претседателот на Франција ја обвинил Турција дека стои зад погрешното претставување и толкување на неговото застапување за тоа дека нема ништо страшно во прикажувањето на карикатурите (на пророкот Мухамед), што беа изговор за бруталното убиство на еден француски учител, кому му беше отсечена главата. Човекот беше убиен само затоа што на своите ученици им има прикажано една таква карикатура.

Еден тинејџер-џихадист го има убиено, по часовите на кои настојувал да ги воспитува децата на толеранција и на почитување на правото на слобода на изразувањето, едно од основите врз кои се потпира француското општество. Намерата му била преку карикатурите, да ги насочи децата да израснат како толерантни луѓе.

Против тероризмот, не против исламот

„Кога одлучив да го нападнам радикалниот ислам, моите зборови беа целосно извртени, пред се, од Муслиманското братство, но исто така и од Турција, која има широко распространето влијание врз (муслиманската) јавност, вклучувајќи ја и подсахарска Африка“ – рекол Макрон, инсистирајќи притоа,  дека неговите зборови „не значат напад врз исламот, туку на исламскиот тероризам“.

Тензиите меѓу Париз и Анкара се засилија уште повеќе поради цела низа меѓусебни недоразбирања во изминатите месеци, но и во минатата година – почнувајќи од Сирија и интервенцијата на Турција во тамошната граѓанска војна, потоа во Либија и турското мешање во либиските внатрешни судирања, а ова лето и во Источниот Медитеран, за да се дојде до сегашното остро разногласие околу борбата со радикалниот ислам.

Франција, во меѓувреме, побара од своите сојузници и партнери, целосно преиспитување на односите на ЕУ со Турција, која откако е под власта на Реџеп Таип Ердоган, значително го има засилено своето присуство и политичкото (и религиозното) влијание во Африка.

Русија се враќа во Африка

Според Макрон и Русија, исто така, забрзано се враќа на „Црниот континент“, сакајќи тоа да биде како во времето на поранешниот Советски Сојуз, па веќе е присутна во неколку држави, во кои се присутни про-кремљовските платеници од групата „Вагнер“.

Францускиот претседател, меѓутоа, во интервјуто не давал поширока елаборација на руското присуство во Африка.
Зборувал само за тоа дека Париз нема никогаш да преговара со разните џихадистички групи во регионот на Сахел, каде веќе има силни елитни француски сили,„Ние не преговараме со терористи- ние против нив војуваме“ – рекол Емануел Макрон за „Жен Африк“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе