Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Истрага во Би-Би-Си за интервју на Дијана од 1995

John Mathew Smith & www.celebrity-photos.com from Laurel Maryland, USA, PRINCESS DIANA flag (5112486207), CC BY-SA 2.0

Истрага во Би-Би-Си за интервју на Дијана од 1995

Би-Би-Си соопшти дека покренува независна истрага, што ќе ја предводи судија на Вишиот суд, за случајот со „славното“ интервју на покојната принцеза Дијана, емитуванои во 1995 година. Повод за ваквата истрага се обвинувањата на нејзиниот брат Чарлс Спенсер кон Би-Би-Си дека Дијана „ била со измама убедена за да прифати разговор со новинар на оваа тв куќа“.

На почетокот од овој месец, братот на принцезата Спенсер изјави дека Би-Би-Си „ никогаш се нема извинето, за фалсификуваните документи и за другите измами“ што ги има користено новинарот Мартин Башир, за да обезбеди интервју со Дијана.

Шокирачко признание!

Интервјуто стана „ славно“ низ целиот свет и ја шокира британската јавност затоа што во него принцезта призна дека дека имала вонбрачна врска и при тоа има изнесено и низа други „скоктливи“ детали од од интимниот живот , поврзани со нејзиниот пропаднат брак со престолонаследникот , принцот Чарлс.

Меѓу другата пикантерија, во интервјуто Дијана има речено дека бракот не можел да опстане затоа што во брачниот кревет станале „премногу тесно“ – за тројца. Мислејќи притоа на вонбрачната врска на Чарлс со Камила Паркер.

Изјавата на Спенсер одново ја разбранува јавноста во Британија, иако се поминати 25 години. Особено што тоа интервју го имаат гледано дури 20 милиони Британци, а после него, тогаш младиот новинар Башир, стана телевизиска ѕвезда.

Фалсификувани документи

Сегашната управа на Би-Би-Си веднаш реагираше со изјава за обвинувњата на братот на некогашната „ народна принцеза“. Директорот Тим Дејви најави темелна истрага, а сега соопшти дека истрагата ќе ја предводи независна група, предводена од судија!

Во изјавата на Дејви се вели дека тоа било неопходно, затоа што Спенсер ја обвинуваа оваа британска медиумска компанија дека „се обидува да ја прикрие вистината“.

Според  тврдењето на Спенсе, новинарот ја уверувал Дијана со цела низа разни  тврдења за да натера да прифати разговор.

Прво, дека принцезта „била прислушувана од тајната служба“ , потоа , дека луѓе од кралското семејство биле  „потплатени за да кажуваат информации за нејзиниот приватен живот“ , потоа дека меѓу потплатените имало и лица со кои Спенсер работел. Конечно, братот на принцезта Дијана рекол дека нему и нејзе, за сите вакви „сознанија“ новинарот Башир им покажувал фалсификувани документи.

Башир се сокрива?

Целиот овој случај стигна до таму, што со изјава се огласи и постариот син на Дијана и на Чарлс, прицот Вилијам кој рекол дека подржува ена ваква истрага, за да се утврди што од сето тоа е навистина точно.

Мартин Башир, меѓутоа, засега молчи. Некои лондонски таблоиди тврдат дека Би-Би-Си го сокрива, тврдејќи дека тој е на подолго боледување.

Официјално, се лекува од последиците на заразеноста со коронавирусот, како и од хирушката интервенција на срцето, извршена пред да биде заразен. Некои од весниците, меѓутоа, открија дека Башир, токму деновиве, доцна навечер бил виден како купува вино.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе