Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Создаден најголемиот трговски пакт во светот

Создаден најголемиот трговски пакт во светот

Кина, Јапонија и уште 16 други држави од Азија и од Пацификот, создадоа најголем трговски пакт во светот.

Во овој азиско-пацифички пакт се најдоа Кина, Јапонија и Јужна Кореја, потоа Австралија и Нов Зеланд, како и сите членки на АСЕАН ( Асоцијацијата на држави од Југоисточна Азија) – Филипини, Индонезија, Малезија, Сингапур, Брунеи, Мјанмар (Бурма), Тајланд, Лаос, Виетнам и Камбоџа.

Спогодбата беше потпишана на маргините на годинеѓниот Самит на земјите од АСЕАН, чиј домаќин е Виетнам. Премиерот на оваа земја, Нгуен Кијан Пук соопштувајќи го потпишувањето на спогодбата за создавање на пактот, изјави дека биле потребни „ цели осум години макотрпан работа и договарање“ .

-Завршувањето на преговорите за да се создаде овој, најголем пакт во светот за слободна трговија, претставува силна порака за тоа дека АСЕАН има водечка улога во подржувањето на мултилатералниот трговски систем, во создавањето нова трговска структура во регионот, но со оваа спогодба се прави силен исчекор во заживувањето на снабдувањето кое е силно пореметено со глобалната пандемија на коронавирусот , што, пак, треба да го помогне забрзаното опоравување на економијата- рекол виетнамскиот премиер.

Со спогодбата се предвидува и онака ниските царини што постојат межу овие земји, секоја година, постепено уште повеќе да се намалуваат.

Во овој пакт, каде има 2,2 милијарди население, засега, ја нема Индија. Владата во Њу Делхи беше расположена да биде дел од пактот, но се соочи со силен внатрешен отпор на домашбите компании кои се против индиското членување.

АСЕАН е против политиката на се уште актуелната администрација на САД и посебно на претседателот на заминување Доналд Трамп, против мултилатеризмот, а за склучување трговски договори, со секоја земја посебно.

Меѓутоа, економски аналитичари, како во Азија, така и во Америка сметаат дека создавањето на пактот е „ тежок политички удар“ за Трамп и пораз на неговата популистичка политика „Америка на прво место“ . Со неа, Трамп само ја изолира земјата од светот, од Азија и од Европа, пред се, откако почна да носи еднострани одлуки за  напуштање на речиси  сите меѓународни трговски и политички спогодби, во кои САД беа внесени од неговите претходници.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе