Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Џони Деп тргнат од серијата „Фантастични ѕверови“

Џони Деп тргнат од серијата „Фантастични ѕверови“

Американскиот актер Џони Деп (57) нема да игра во најновата серија филмови „Фантастични ѕверови“ , која е поврзана со приказната за „Хари Потер“.

Одлуката на „Ворнер Брос“ да го тргне Деп од овој филмски проект, доаѓа непосредно откако актерот го загуби судскиот спор со британскиот таблоид „Сан“. Деп го тужеше лондонскиот весник за клевета, откако објави поширок напис за него и неговиот поранешен брак со актерката Амбер Херд, под наслов – „ Мажот кој тепа жени„.

Влијание од судењето во Лондон

Во написот,  Деп се обвинува за физичко насилство врз сопругата,  во текот на неговата петгодишна, бурна брачна врска со Херд.

Судија на Вишиот суд во Лондон, меѓутоа, ја отфрли тужбата против „Сан“ , како неоснована, затоа што – како што рекол судијата при изрекувањето на пресудата- во случајот „ не постои клевета“!

Со ваквата пресуда, како и со даденото образложение, судијата, практично, му пресуди на Деп, прогласувајќи го за „ насилник“ , затоа што целосно го има прифатено сведочењето на бившата сопруга, која тврдеше дека била постојано тепана, удирана со тупаници и со клоци.

Деп, самиот на Инстаграм, соопшти дека од него било побарано да се повлече од филмската серија, во која американскиот актер требаше да го толкува ликот на негативецот Гелерт Гриндевалд. Тој само изјави дека ја почитува одлуката на филмското студио , откривајќи дека ќе се жали на пресудата.

Се бара замена за Деп

„Овој момент нема да ми ги определи животот и кариерата“- рекол Џони Деп.

„Ворнер Брос“ соопшти дека неговата улога ќе ја преземе друг актер. Ваквата ситуација, еден актер да биде заменет со друг, е редок случај во Холивуд, особено кога станува збор, како овде, за етички причини.

Деп требаше да сними пет филмови од оваа серија, во која приказната се случува 60 години пред приказната за Хари Потер.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе