Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Кремљ демантира дека Путин се повлекува

Кремљ демантира дека Путин се повлекува

-Рускиот претседател Владимир Путин (68) планира да се повлече од функцијата, откако бројни шпекулации во руската јавност навестуваат дека долгогодишниот, неприкосновен лидер на Русија (прво како премиер, па потоа претседател) „најверојатно боледува“ од Паркинсоновата болест- пишува британскиот весник „Сан“ , пренесувајќи ги овие откритија од американскиот весник „Њујорк Пост“.

Во двата написа уште се тврди дека долгогодишната девојка на авторитарниот руски лидер, некогашната гимнастичарка Алина Кабаева (37) го убедува Путин да ја напушти функцијата. Кабаева, поранешна светска и олимписка шампионка, во јавноста на Русија важи за „ прва дама во сенка“, но ова е прв пат, по подолго време, таа одново да биде спомената, и тоа во еден ваков контекст.

„Докази“ за болеста

Московскиот политички експерт Валери Соловеј, уверува дека семејството на Путин ( мисли на Кабаева и нивните две деца) има силно влијание врз рускиот претседател, па се очекува, веќе во јануари, следната година, тој да објави дека планира да се повлече.

Овој московски експерт уверува дека Путин има нарушено здравје и дека „ многу веројатно“ боледува од Паркинсон, а тоа не е нешто за што никој не знае, затоа што постојат „докази“ , односно снимени материјали, на кои се забележува болеста.

На една таква снимка , Путин „ остава впечаток како да е во агонија“ , постојано прекрстувајќи ги двете нозе. На друга, пак, за која се тврди дека е видена од повеќемина, Путин е „уловен“ како ги притиска прстите на раката, која му трепери додека држи шоља со чај- уверува Соловеј.

Реакција на Песков

Њујоршки „Пост“ и лондонски „Сан“ пишуваат дека вработените од неговиот кабинет во Кремљ, постојано демантираат дека рускиот претседател би можел да ја напушти , предвремнено, својата функција и да се повлече од политиката.

Особено што Путин има уште четири години од сегашниот мандат, а го чекаат уште два, едно по друго, шестогодишни мандати, добиени екстра по уставната реформа со која се елиминира уставната обврска , претседателот да може да остане  на функција во најмногу два мандати.

Сегашните гласини за здравјето и за политичката иднина на актуелниот шеф на државата, доаѓаат во време кога во Русија се разгледува предлог-законот што, инаку, го има понудено токму Путин, според кој ќе им се овозможи на поранешните претседатели (!?) да имаат доживотен имунитет од било какво кривично гонење.

Официјален Кремљ , во меѓувреме, веднаш реагираше на  пишувањето на лондонски „Сан“ отфрлајќи ги сите тврдења дека Владимир Путен е болен и дека поради тоа планира да се повлече од претседателската функција.

Изданија на Мардок

„Претседателот е со одлично здравје и не планира да се повлече. Нема што да демантирам . Станува збор за глупости“- изјавил за државната агенција ТАСС, портпаролот Дмитри Песков.

Во заднината на овие написи стои сознанието дека и американскиот и британскиот весник се во сопственост на медиумската компанија Њуз Корпорејшн која е сопственост на новинскиот магнат Руперт Мардок. Тој и овие негови два весника беа силно на страната на актуелниот претседател Доналд Трамп, во изборната кампања за годинешниве избори на САД.

Владимир Путин и Русија кои од американските тајни служби беа посчувани дека се мешаат во изброната кампања, навивајќи за Трамп, во финишот на изборната трка се појавија се спротивставени изјави.

Путин: „можам и со Бајден“

Путин, прво изјави дека на Москва и е сеедено кој ќе победи и дека тој лично може да соработува со Џо Бајден. А, потоа, рускиот претседател уште подиректно се замеша- тврдејќи дека Русија „ нема никакви сознанија дека синот на Бајден има направено било што криминално, во времето додека работел за една украинска нафтена компанија“.

Тоа, практично,  беше руски демант на главното тврдење на Доналд Трамп за „ криминалите на таткото и синот Бајден“ во обидите на актуелниот американски претседател, да се дисквалификува и оцрни демократскиот против-канндидат.

Оние кои добро го познаваат Трамп, знаат дека тој никому не може да не му возврати, ако почувствува дека некој му напакостил. Откритијата на двата таблоида за Путин, би можеле да се стават во едно вакво сценарио- сметаат независни американски аналитичари.

(В.А.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе