Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Принцот Вилијам тајно лекуван од корона

Принцот Вилијам тајно лекуван од корона

Британскиот принц Вилијам, вториот во редот на претендентите на престолот, по престолонаследникот Чарлс, бил заразен со коронавирусот, во текот на април, но сето тоа било сокриено од домашната јавност. Во тој период тој тајно водел битка со вирусот – откриваат сега лондонските весници.

Вилијам (38) кој сега ја носи официјалната титула војвода од Кембриџ, се заразил само неколку денови по соопштението на неговиот татко, принцот Чарлс, дека е позитивен на корона, по што веднаш замина во карантин.

Според весниците, идниот британски крал бил лекуван од лекарскиот тим на кралската палата и бил цело време одделен од своето семејство, од сопругата Кетрин (Кејт) Мидлтон- сега војвотка од Кембриџ и од нивните три деца. Вилијам бил ставен во карантин во семејната куќа во Норфолк, каде е имотот на кралицата.

Подоцна Вилијам, има речено дека неговата болест била одмолчена затоа што токму тоа време, во Британија, се случувале важни работи.

Седум дена во карантин

Тоа е времето кога освен татко му, со коронавирусот беше заразен и британскиот премиер Борис Џонсон. Неговата состојба се влоши, па беше префрлен во болница, на одделение за интензивна нега.

Подоцна се разбра и дека во еден момент, состојбата на Џонсон станала критична, дури до таму, што неговите шанси, за преживување биле 50:50, што е сосема различна од лесната заразеност каја ја имал престолонаследникот Чарлс, а и неговиот син.

-Не сакав никого, дополнително, да го загрижувам со мојата состојба- рекол принцот Вилијам во една прилика.

Во сегашните написи околу тие денови во април, весниците не споменуваат како поминале со заразеноста на принцот, војвотката од Кембриџ – Кетрин и нивните деца, како што ниту за сето ова нема никаков коментар на кралското семејство. Бакингамската палата одби да го потврди пишувањето на медиумите, но не демантираше за заразеноста, за карантинот и за лекувањето на идниот британски крал.

Познато е само дека поминал седум денови во карантин, пред да му се дозволи да се врати во јавниот живот.

„Супер-црно сценарио“

Весниците сега пишуваат дека тајното лекување на Вилијам може да се објасни само со ситуацијата дека во исто време беа заразени и престолонаследникот на престолот кој има 73 години, а и премиерот на владата, кој откако беше префрлен во болница, неговата функција ја презеде министерот за надворешни работи- што во домашната јавност остави впечаток за (потенцијална) обезглавеност на државата.

Тоа уште повеќе би се потенцирало доколку било објавено дека и Вилијам е заболен од вирус со кобни последици.

Работите се смета дека отишле до таму што било направено и едно „супер-црно сценарио“, во стилот што би се случило, доколку се случи – а тоа е кралицата Елизабета, која има над 94 години, престолонаследникот Чарлс и неговиот син- следниот во редот на наследници на престолот – починат како последица на пандемијата со корона.

Според британски експерти за кралска историја, многу е веројатно дека било отворено и прашањето за наследник на тронот, како и дека владата, без разлика што сега Даунинг стрит 10 одбива да даде било каков коментар, била известена за една ваква, можна, ситуација во услови на тешка епидемија.

Крунски совет и регент

Според редот на наследување, после Вилијам неговиот најстар син, принцот Џорџ кој има само седум години.

Други двајца, меѓу возрасните наследници по крвна линија – принцот Хари и принцот Ендрју, веќе се „надвор од играта“. Првиот самиот се откажа од кралските должности, додека вториот син на кралицата е целосно деградиран по скандалот со врските со малолетнички, во скандалот со сега починатиот американски милионер Џефри Епстајн.

Во такви услови, во името на малолетниот Џорџ, би требало со круната да управува Крунски совет, на кој најверојатно, како прва меѓу неговите членови би била мајката на малиот принц, Кетрин Мидлтон, војвотката од Кембриџ.

Британската и англиската кралска традиција таквата ситуација ја квалификува како монархиска и уставна криза, која во минатото се решавала, а така би се постапило и сега, со поставување регент, додека Џорџ не стане полнолетен.

Поделени мислења

Ваквата елаборација треба да биде дополнително објаснување за молчењето околу болеста на Вилијам, иако таквата ситуација не се ниту случи. Принцот Чарлс, иако 20 години постар од премиерот Џонсон многу полесно и побрзо помина низ загрозеноста со короната, а кралицата Елизабета ниту, тогаш, а ниту сега не е зафатена со епидемијата.

Некои аналитичари во Лондон, затоа и приговараат дека немало потреба од ваквата тајност околу нешто што никој друг во Европа, барем кога станува збор за кралските семејства и за политичките лидери, не го сокриваше. Особено што станува збор за состојба, ако сегашнава, која е врзана за јавното здравје и за епидемија.

Други, меѓутоа, објаснуваат на поинаквите гледања во Британија и потсетуваат на времето на кралот Џорџ Шести, таткото на сегашната кралица кој почина во 1952 година.

За него многу подоцна се разбра дека често боледувал, како и дека имал рак на белите дробови, но дека неговата здравствена состојба била сокривана.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе