Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

И директорот на СЗО во карантин

И директорот на СЗО во карантин

Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО) објави на Твитер дека заминал во само-карантин, откако бил во контакт со лице, за кое подоцна било утврдено дека е позитивно на коронавирусот. Во пораката уште вели дека се чувствува добро и дека нема ниту еден од симптомите кои го следат овој вирус.

Тедрос Адханом Габрејесус (55) рекол дека во наредните денови ќе остане дома и дека од карантинот ќе работи, водејќи ја СЗО.

Пандемијата веќе предизвика смрт на 1,2 милиони лица низ светот, а над 46 милиони, на сите континенти, се регистрирани како заразени и болни, откако пред без малку една година, во Кина, во тамошниот град Вухан, прв пат се појави овој вирус.

Витално почитување на мерките

Се уште не е прецизно утврдено што го предизвика појавувањето на еден ваков силен и до сега несовладлив вирус, што со голема брзина од почетокот на оваа година се рашири низ планетата, во вид на глобална пандемија, каква немало во изминатите 100 години.

Од витално значење е сите ние да ги почитуваме и да ги применуваме здравствените упатства и правилата за однесување, за да може да се совлада вирусот, да се прекине синџирот на неговото пренесување и на тој начин да се сочува (од колапс) здравствениот систем.

Габрејесус кој е поранешен министер за здравство во Етиопија, уште од почетокот на кризата, инсистира на тоа дека секој од нас, обичните луѓе, низ целиот свет, има важна улога во борбата со пандемијата и за запирање на ширењето на епидемијата.

Женева едно од жариштата

Потребно е само да се почитуваат заштитните мерки на епидемиолозите и на лекарите воопшто – а, тоа е да се мијат рацете, да се носат маски за лицето и да се одржува дистанца.

Властите насекаде, пак, треба да носат мерки и да го одржуваат карантинот, спречувајќи ги контактите на луѓето таму каде е потребно.

Потребата за енергична битка со вирусот, во неговиот сегашен втор бран, што се однесува до Европа, која веќе има забележано 280 илјади жртви, останува да биде примарна задача, на целиот континент. Нема земја која е ослободена од пандемијата.

Деновиве, дури и Женева, градот каде е сместено седиштето на СЗО, прогласи вонредна состојба, откако во поширокото подрачје на овој швајцарски град, во кое живеат половина милион жители, дневно има по илјада новозаразени лица.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе