Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Уставниот суд против Зеленски

Yanosh Nemesh/BigStock.com

Уставниот суд против Зеленски

Уставниот суд му удри вистинска шлаканица на претседателот Володмир Зеленски, практично, поништувајќи го новодонесениот закон за борба со корупцијата во оваа земја, за која и самите Украинци велат дека е „неизлечиво заразена со оваа болест“ во општеството.

Гневен од ваквата одлука и чувствувајќи се јавно понижен, Зеленски побара распуштање на сегашниот состав на Судот. Но, без разлика дали ваквото барање на шефот на државата ќе помине, во Киев се верува дека Украина се најде во политичка криза.

Без клучните одредби

Зеленски поранешен ТВ комичар и целосен новак во политиката, неочекувано, уверливо победи на изборите пред две години, поразувајќи го дотогашниот прозападен претседател Петро Порошенко. Симпатиите на гласачите ги има освоено, најмногу, затоа што им вети дека тој (конечно) ќе се пресмета со корупцијата.

Под притисок на таквото ветување, но и на барање на западните поддржувачи на земјата, после тамошната „портокалова револуција“, владата на Зеленски изработи сосема нов закон за спречување на корупцијата, со кој се опфатени и политичарите и сите кои имаат државни функции.

Уставниот суд, меѓутоа, ги има поништено токму виталните делови од законот. За Судот, како неуставна е прогласена одредбата – антикорупциската комисија, а тоа значи и јавноста, да имаат пристап до пријавените приходи на државните функционери (!?).

Без казна за лажни податоци!

Исто така, Судот ја укинал и кривичната одговорност за давање лажни податоци за приходите, а тоа се двете најважни одредби без кои законот губи целосна смисла. Особено, што Уставниот суд му ги има укинато повеќето клучни овластувања на украинскиот Совет за борба со корупцијата (тамошната антикорупциска комисија).

После ова, антикорупцискиот закон делува како обезглавен. Украинската јавност е длабоко разочарана со ваквото решение на највисокиот судски орган во земјата кој би требало да ги штити Уставот и интегритетот на државата.

Претседателот Зеленски, пак, од кого ЕУ и САД бараат темелни реформи, сега предупредува дека Украина би можела да остане без виталната поддршка – политичка и финансиско-економска доколку одлуката на Судот не се промени.

Купена пресуда?

Меѓутоа, да се направи тоа, би требало да се избере нов состав на Уставниот суд, што сигурно, нема да биде ниту брз, а ниту едноставен процес во земја длабоко поделена територијално и етнички, по руската интервенција во март 2014 година.

Решенијата на Судот се без секаква правна основа, па тие се неодржливи и штетни за иднината на државата – има речено Зеленски.

Според киевските медиуми, Уставот расправал за законот, по поднесената жалба од проруската партија За Живот. За оваа партија се вели дека исто така е силно поврзана со неколкумина моќни украински олигарси, кои самите имаат силни врски со Русија.

(К.У.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе