Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Мелбурн: безбеден по четири месеци

Steven Wei/Unsplash

Мелбурн: безбеден по четири месеци

Вториот по големина град во Австралија – Мелбурн – кој досега важеше за епицентар на пандемијата со коронавирусот во овој континент-држава, се ослободува од мерките за карантин и изолација, после повеќе од четири месеци.

За прв пат после јуни, во градот не е регистриран ниту еден нов случај на заразеност, па премиерот на сојузната држава Викторија, Данијел Ендрус објави дека од вторник, на полноќ, одново се отвораат сите продавници, рестораните и кафулињата и баровите.

Од полноќ, на 8 ноември, жителите на петмилионскиот Мелбурн, повеќе нема да бидат ограничени да патуваат само до 25 километри од своите куќи и станови, а ќе им биде дозволено да може слободно да патуваат и низ целата територија на Викторија.

Мелбурн кој е главен град на оваа австралиска сојузна држава, се наоѓаше под строги мерки на изолација од државата и од цела Австралија, уште од почетокот на јули.

Локалната влада сега се обвинува дека со наметнатите (се мисли претерано остри) мерки за заштита, практично, ја има „уништено“ локалната економија, но таа се брани со постигнатиот резултат – бришењето на епидемијата. За прв пат, после 9 јуни, во Мелбурн нема ниту еден новозаразен од коронавирусот.

Од последиците на овој вирус и настанатите компликации, во сојузната држава Викторија се починати 817 лица на различна возраст. Во цела Австралија починати се само 88 лица.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе