Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Полска забранува абортус!?

Grand Warszawski/BigStock.com

Полска забранува абортус!?

Уставниот суд на Полска донесе одлука со која е НЕУСТАВНО жената да изврши абортус доколку фетусот во нејзиното тело има неизлечив дефект! Тоа практично значи дека во оваа земја, членка на ЕУ, речиси целосно се забранува прекинување на бременоста – на легален начин.

Кога оваа пресуда ќе стапи во сила, во Полска, легално, ќе може да се изврши абортус само доколку жената е силувана, доколку била жртва на инцест, или доколку бременоста и го загрозува животот.

На пресудата на Уставниот суд, веднаш, остро реагираше Европската комисија во Брисел. Комесарот за човекови права, Дуња Мијатовиќ изјави дека „пресудата е тажен ден за правата на жените“.

Според Мијатовиќ ,,укинувањето на основата за речиси сите легални прекини на бременоста во Полска, значи повреда на човековите (и на женските) права.

Стигматизирање на жените

Во минатата година, во оваа земја на Истокот од Унијата, се извршени над 1000 абортуси, од кои дури 98 отсто биле поради разни дефекти откриени на фетусот. Состојба која сега највисокиот полски суд ја прогласи за неуставна.

Остра реакција има и од разните групи за правата на жените кои потсетуваат дека меѓу 80 и 120 илјади жени од Полска, одат во странство, во некоја од здравствените установи во земјите на Унијата, за да извршат прекин на бременоста – од било која причина.
Според овие групи, како најстрашно во целата оваа апсурдна ситуација е тоа што за абортус во странство одат и жени кои би можеле тоа, сосема законски, да го направат и во Полска.

Заминале во странство, затоа што во својата земја, од тамошната крајно конзервативна јавност се стигматизирани!

Ваквата состојба, врзана за човековите и женските права, во Полска не е чудна, откако власта ја има десничарската и конзервативна партија Право и Праведност, која ги отфрла европските стандарди за либерална демократија во општеството, врзувајќи ја земјата за црквата и за нејзиното инсистирање за почитување на строгите католички вредности.

Револт во европската јавност

Одлуката на полскиот Уставен суд, затоа и предизвикува бранување во европската јавност во која се осудува одземањето на правото на жените, како што се вели, самите да одлучуваат за своето тело, а таквата одлука се прикажува како враќање на Полска во Средниот век.

Други, пак, предупредуваат на последиците за самото полско општество – во иднина – кога ќе се раѓаат деца со непоправливи дефекти, или кога ќе има се повеќе несакани деца, оставени по домовите за сирачиња од мајките и татковците.

Некои полски аналитичари сметаат дека државата би можела да се претвори во земја на сирачиња, за кои власта (ако продолжи да владее оваа, сегашната) веројатно ќе бара помош – од социјалните фондови на ЕУ.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе