Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Најсиромашниот претседател“ замина од политиката

"URUGUAY-ELECTION" (CC BY-SA 2.0) by Frente a Aratiri

„Најсиромашниот претседател“ замина од политиката

Поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухика (85) кој во латино-американската јавност беше познат и популарен поради својата, за политичарите, голема скромност и крајно нетипичното однесување, одлучи да замине од политика.

Мухика беше претседател до 2015 година.

Функцијата шеф на државата ја замени за сенаторското место во Горниот дом на уругвајскиот Парламент. Поради поодминатите години и нарушенпто здравје соопшти дека одлучил да даде оставка како сенатор и дека целосно се повлекува од политиката.

Признавајќи дека причината за ваквата, по малку, неочекувана одлука е епидемијата на коронавирусот која и во Уругвај е раширена и зема жртви.

-Во вакви усклови, со годините што ги имам и со низата хронични болести, не би можел да одговорам на сите барања на сенаторската функција и позиција, па затоа и решив, токму сега да заминам во пензија – има речено Мухика.

Поради својата скромност често пати беше означуван како „најсиромашниот претседател во светот“.

А, причина за таквото етикетирање беше начинот на кој живееше и додека беше претседател на Уругвај. Цели 97 отсто од својата претседателска плата Мухика ја има давано за разни социјални и хуманитарни фондови и потреби.

Наместо во претседателска палата, живееше во населба во Монтевидео, далеку од центарот, во скромна куќа, со градина, во која тој и неговата сопруга, инаку и таа сенатор, одгледуваа цвеќе.

Никогаш немаше телохранители. Не користеше ниту едно возило од богатиот авто парк, предвиден за шефот на државата. На работа одеше и се враќаше возејќи го својот стар автомобил „Фолксваген-Бубачка“ од 1987 година.

Во политиката и идеолошки беше ултра-левичар, каков не беше ниту еден од латиноамериканските политичари и државници.

Во младоста, меѓутоа, беше герилец и предводник на герилска група која војуваше против крајно-десничарските власти и разните воени хунти кои низа години ја имаа власта во оваа држава. Прилично возрасен влезе во политиката и веднаш ја доби поддршката на Уругвајците, откако земјата тргна по патот на демократизацијата.

Неговата сопруга, Лујза Тополанска, исто така беше дел од уругвајската левичарска герила.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе