Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Глобална криза со омразата“!

Northern Ireland Office

„Глобална криза со омразата“!

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл имаат покренато кампања против се она што е негативно на социјалните мрежи, предупредувајќи, како што велат на сериозниот проблем со „глобалната криза со омразата“, која според нив, силно влијае и врз менталното здравје на луѓето.

„Станува збор за глобална криза, а главниот дел од неа се ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ кои се пласираат секојдневно. Глобална криза се и ширењето на омразата и глобалната здравствена криза” рекол Хари (официјално војводата од Сасекс), учествувајќи заедно со сопругата во една двочасовна он-лајн дебата.

Хари кој е шестиот во редот на претендентите на британскиот престол, како и сопругата Меган (сега војвотка од Сасекс), оваа година се преселија во Јужна Калифорнија (САД), откако на големо изненадување на јавноста во Британија, одлучија да се откажат од службените, кралски обврски, за да можат да водат независен, приватен живот.

И, над се, за да се тргнат подалеку од (многу често) грубите и насилни, лондонски таблоиди, особено што тие уште од самиот почеток „се нафрлија“ врз сопругата на принцот – Американска, актерка, еднаш веќе омажена во САД и ќерка на (разведено) расно мешовито семејство. Обајцата веќе водат судски спор со британскиот таблоид „Дејли Меил“, а уште пред тоа, соопштија дека нема да комуницираат со било кој од овие весници.

Во спомената дебата, Меган Маркл има речено дека е многу важно, комуникацијата на социјалните мрежи да стане многу поздрава од тоа каква е сега. Таа притоа признала дека уште пред неколку години ги затворила сите свои профили.

„Не сакам да читам што луѓето пишуваат за мене и сега сум заштитена од тоа. Омразата и говорот што постои на интернет стана проблем на луѓето. А, тоа се случува, тука пред нас и длабоко влијае врз сите нас“ – има речено во дебатата сопругата на британскиот принц.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе