Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Министри на ЕУ заразени со корона

ilolab/BigStock.com

Министри на ЕУ заразени со корона

Двајца министри за надворешни работи од земјите на ЕУ – на Австрија и на Белгија – се позитивни на коронавирусот, откако во понеделникот заедно присуствувале на состанокот на сите 27 земји-членки во Луксембург – соопштено е во Виена и во Брисел.

Австрискиот шеф на дипломатијата Александар Шаленберг и белгиската министерка Софи Вилмес, седеле еден покрај друг на работниот појадок, објаснува МНР на Австрија.

Вилмес, пак, во саботата, еден ден откако останала во самоизолација, објавила дека била позитивна на вирусот, на тестирањето.

Тоа предизвика низа други европски шефови на дипломатијата да мораат да се тестираат, или самоиницијативно да останат неколку денови во самоизолација, плашејќи се дека може да предизвикаат ширење на вирусот.

Засега, не се знае од кого потекнува заразувањето, но германскиот министер Хајко Мас уште во петокот бил одново тестиран и се покажало дека не е заразен, иако бил во близок контакт со Австриецот Шаленберг.

Шведската министерка Ана Линде, самата одлучила да не оди на работа, во министерството во Стокхолм и да работи од дома, додека не ги добие резултатите од направените тестови. Таа верува дека ќе бидат негативни.

Кеј Д Орсеј соопшти дека шефот на француската дипломатија Жан Ив ле Дријан бил негативен на тестот, направен по состанокот во Луксембург, а таква изјава има и од Мадрид, за нивната министерка Аранча Гонзалес-Ладен.

По веста за заразувањето на двајцата европски министри, во Атина беше соопштено дека шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас многу често се тестира за Ковид, затоа што многу често е на пат.

„Тој е сосема добар и ниту еднаш не бил позитивен на вирусот“ – се вели во соопштението на МНР на Грција.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе