Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Европскиот суд му пресуди на Орбан

SomeMeans/BigStock.com

Европскиот суд му пресуди на Орбан

Европскиот суд за правда донесе пресуда за случајот на Европската комисија, против унгарскиот закон за високо образование, прогласувајќи го контроверзниот закон за антиевропски и за спротивен на прописите, законите и стандардите на ЕУ.

Случајот предизвика големо внимание во европската демократска јавност, затоа што одредбите на овој закон им овозможија на унгарските власти да се затвори Централно европскиот универзитет во Будимпешта, што го основа и го финансираше американскиот милијардер, инаку Унгарец од еврејско потекло, Џорџ Сорос.

Постапка на Европската комисија

Универзитетот беше покренат на почетокот од деведесеттите години на 20 век, на почетокот од унгарската и источно-европската посткомунистичка транзиција, како првата слободна и без идеолошки наметнувања, високо образовна институција во Источна Европа, штотуку излезена од комунизмот и од неколку децениската советска доминација.

Во април 2017 година, Европската комисија (ЕК) покрена формална правна постапка против Унгарија, нејзината влада, откако официјална Будимпешта и премиерот Виктор Орбан одбија да го повлечат, или барем да го корегираат законот.

Во декември таа година ЕК, случајот околу унгарскиот закон му го предаде на Судот за правда- практично, ставајќи го на судење и покренувачот на законот, премиерот Орбан.

Според пресудата, како дискриминаторски се означени наметнатите барања на унгарската влада, кои се однесуваат, пред се, на т.н. Соросов Универзитет. „Условите што ги има воведено Унгарија, за да се дозволи работа на една странска високо-образовна институција, се целосно неспоиви со прописите на ЕУ- стои меѓудругото во пресудата.

Анти-Сорос закон

Со овој закон, се бара работата на еден странски универзитет да биде поврзана со претходно постигнатиот и потпишан билатерален договор меѓу владата во Будимпешта и владата на земјата од каде потекнува високо-образовната институција.

Освен тоа, се бара (странскиот) универзитет, задолжително да има образовни активности и во својата земја, од каде потекнува.

За Судот на правдата, ваквите одредби и условувања се спротивни и на обврската што ја има преземено Унгарија во рамките на спогодбата на Светската трговска организација, а не само на одредбите од Повелбата на Европската Унија, што Будимпешта ја има прифатено при нејзиното пристапување во ЕУ.

Според европските аналитичари, Унгарија на Виктор Орбан има преземени и цела низа други обврски за почитување на стандардите и законите на Унијата, на либералната демократија, човековите права и слободи, а посебно слободите на медиумите и на правосудниот систем.

Но, сето изминатите години, откако Орбан е десет години на власт, се гази со постепеното бришење на вистинската европска демократија и со воведувањето на авторитарна власт, во која Унгарија станува заробена држава на нејзиниот премиер.

Против европските стандарди

Целата постапка и работа на законот е покрената само за да се затвори Соросовиот универзитет и за да се казни Сорос затоа што јавно ги критикуваше постапките на својот некогашен „ученик“ сега премиер, за кого неговите критичари во Унгарија тврдат дека ќе ја направи земјата прва диктатура во рамките на ЕУ.

„Најголемата „вина“ на милијардерот и филантроп, Сорос според Орбан и неговата пропаганда е во тоа што сакал на земјата да и наметне „либерална демократија“ иако таа се покажала како пропадната работа, меѓу другото и затоа што Западот се откажал од религијата и од верувањето во Исус Христос, за сметка на отвореното општество кое за овој автократ е „злото“ на Европа, кое треба да се искорени.

Во тие рамки, Орбан го објаснува и затворањето на унгарската граница за преминување на бегалците и мигранти, што тој не ретко ги означува како „нехристијани“, преку унгарската територија, во текот на мигрантската криза 2015/2016 година.

Според определената квота на ЕУ, деветмилионската Унгарија требаше да смести привремено само 3500 бегалци, за да им се помогне на Грција и на Италија кои беа први на удар.

Но, Орбан се спротивстави, подигна ѕидови на границата кон Србија и делумно кон Хрватска, не дозволувајќи, како што има речено, да се „оштети чистотата“ на Унгарците.

Преселба во Австрија

Сорос беше обвинуван само затоа што ги осуди ваквата постапка на Орбан и неговото крајно неевропско однесување.

Всушност, како му минуваа годините на власт, Орбан се појасно покажуваше дека војува со европскиот либерализам и европските демократски стандарди, на сите полиња, заговарајќи го националистичкиот популизам и ултра-десничарењето на кое, неговите критичари велат, се повеќе му се приближува.

Јавната пресметка, пак, со Сорос, навредите и неговото дисквалификување во унгарската јавност, пред и за време последните парламентарни избори во Унгарија, покажуваат дека законот е „измислен” за да се тргне Централневропскиот Универзитет од Будимпешта и Орбан успеа во тоа.

Оваа високообразовна институција, низ која 30 години минаа стотици илјада студенти од Европа, сега дејствува, слободно, во Австрија.

А, Виктор Орбан, на почетокот од деведесеттите години, кога беше непознат, млад унгарски политичар, беше мошне близок со Џорџ Сорос. Овој тогаш, дури му го има финансирано и дошколувањето и дообразувањето на Запад.

(Б.У.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе