Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Мекафи уапсен за измама

"John McAfee" (CC BY-SA 2.0) by Gage Skidmore

Мекафи уапсен за измама

Креаторот на истоимениот анти-вирус софтвер, Џон Мекафи е уапсен во Шпанија и ставен во притвор.

Шпанската полиција го уапсила во Барселона, според распишаната потерница на американските правосудни власти и веднаш по тоа го префрлила во Мадрид, каде треба да почне постапката за негова екстрадиција во САД.

Мекафи (75) е обвинет за измама и за неплаќање данок.

Освен по дизајнирањето на анти-вирусот, познат низ целиот свет, тој е исто така познат и според своите (необични) уверувања против даноците и плаќањето данок.

Едноставно, за него даноците се „сосема погрешна работа“ и затоа не треба да постојат.

Американските власти, меѓутоа, не ги делат таквите негови уверувања, па го имаат обвинето и за неплаќање данок и за даночна измама.

Според американските медиуми, Мекафи бил уапсен на аеродромот во главниот каталонски град, непосредно пред да влезе во авионот, на летот за Истанбул. Кај себе имал британски пасош.

За него се знае и дека е голем приврзаник на т.н. крипто-валути и дека ги има користено. Но во обвинувањата за кои беше уапсен, има уште едно дело, според кое и таму има направено измама. Осомничен е за противправно присвојување на износ од над 23 милиони американски долари.

Во 2018 година, најави дека сака да се кандидира за претседател на САД, за изборите во 2020 година, но не успеа да најде поддршка за неговата амбиција да стане и политичар.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе