Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Самозапалување на руска новинарка

Semyon "Shtorkin" Orlov, Irina Slavina, CC BY-SA 4.0

Самозапалување на руска новинарка

Една руска новинарка – уредник на интернет весник, се пoлеала со бензин и се запалила, пред канцелариите на руското Министерство за внатрешни работи во градот Нижни Новгород.

Пред да изврши самоубиство, со самозапалување, новинарката Ирина Славина, на својот Фејсбук профил има запишано – „Ве повикувам за мојата смрт да ја обвините Руската федерација“.

Полициски претрес на станот

Засега се знае само дека во четвртокот, полицијата извршила детален претрес на нејзиниот стан, барајќи да откријат материјали поврзани со про-демократската група„ Отворена Русија“.

При тоа, полицајците и ги одзеле компјутерите, меѓу кои и лаптопот на нејзината ќерка, како и мобилните телефони од семејството и сите податоци со кои таа располагала.

На видео снимката, што се појавила на интернет после нејзиното самозапалување, се гледа како една жена се обидува да го изгасне веќе распалениот оган, фрлајќи делови од својата облека врз телото кое горело – но, не успела да ја спаси.

Руската комитет за истраги го потврдил инцидентот, но во нивното соопштение се вели дека немало наредба за претрес на нејзиниот стан.

Меѓутоа, независни интренет весници тврдат дека покрај станот на несреќната новинарка, биле претресувани и станови на седум други лица во Нижни Новгород – сите како дел од истрагата за „Отворена Русија” (Open Russia).

Истрага за „Отворена Русија“

Интернет весникот на Славина, „Коза Прес“ излегувал под мотото – вести и анализи, без цензура. Немал голем број читатели, за да се смета опасен за властите, но во минатата година, таа била осудена и казнета за „непочитување на власта“.

По нејзината смрт, веќе следниот ден, весникот престанал да излегува.

Основач и покренувач на „Отворена Русија“ е Михаил Ходорковски.

Тој едно време важеше за еден од најбогатите Руси, но падна во немилост на Кремљ, кога се сврте кон политиката, како критичар на претседателот Владимир Путин.

Беше уапсен и осуден на долгогодишна затворска казна, која во најголем дел ја издржа, а потоа како дисидент, беше протеран.

Претставник на „Отворена Русија“ по повод самозапалувањето на новинарката, изјавил дека Славина присуствувала на промоцијата на оваа про-демократска група во Нижни Новгород, во 2019 година, само како известувач од настанот.

Ирина Славина  не членувала во групата.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе