Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Сириски платеници (Турци) војуваат за Азербејџан

Mohammad Bash/BigStock.com

Сириски платеници (Турци) војуваат за Азербејџан

Сириски платеници од провинцијата Идлиб и од реонот на градот Алепо, покрај турско-сириската граница кои се сметаат како етнички Турци во Сирија, од сирискиот фронт сега забрзано се префрлаат во Азербејџан, за да војуваат за Азерите, а против Ерменците – за поголема плата.

Еден од платениците, сокривајќи го идентитетот од безбедносни причини, за француските медиуми изјавил дека месечната заработувачка кај Азерите може да достигне и до 80 пати повеќе отколку сегашната во Сирија, која е сведена на само 200 турски лири, на месец.

Тримесечни аранжмани

Веќе имам договор со Азербејџанците, за три месечен аранжман – за 2000 долари, месечно. Овде (во Сирија) веќе не може да се заработи, а имам дома жена и деца кои мора да ги прехранувам. Затоа сега и јас, а и другите се префрламе на нов фронт, во Нагорно Карабах – изјавил по телефон, овој платеник.

Една недела траат силните воени судирања меѓу Ерменците и Азербејџанците, за 30 години стариот спор, околу енклавата Нагорно Карабах, која територијално е дел од Азербејџан, но во која над 95 отсто од населението се етнички Ерменци.

Извештаите од фронтот зборуваат дека досега имало над 200 загинати војници и цивили и повеќе стотици ранети.

Исламисти од Идлиб

Властите во Анкара од почетокот, отворено – политички и воено – го подржуваат Баку, поттикнувајќи ги Азерите да издржат во војната- се додека не победат и не ги „набркаат окупаторите (Ерменците) од Карабах“.

Како дел од турската помош, сега се вклучени и платениците од Сирија – од туркменска националност – кои во сириската граѓанска војна, војуваа за Турција, а против сириската армија на претседателот Башар ал Асад.

Станува збор за исламски екстремисти кои жестоко се спротивставуваа во борбите во Идлиб и за Алепо, против сириските сили кои ги помагаше Русија. Турција и натаму воено е присутна на таа линија од фронтот, но како сега стојат работите, платениците таму не се потребни.

Затоа, пак, многу им требат на Азерите во нивната војна за освојување на територијата на Карабах (како што ја нарекуваат) и за победа над Ерменците (во енклавата, но и во државата).

Над 850 платеници

Владата во Тбилиси од порано тврди дека во борбите на азерска страна има странски платеници, но сега се знае дека тие се присутни, затоа што сириски платеници веќе има меѓу воените жртви.

Сириската опсерваторија за човекови права (со седиште во Лондон) објави дека над 850 сириски платеници веќе се наоѓаат во Азербејџан. До таму патуваат сосема слободно, преку територијата на Турција. Стотици други се подготвуваат да се префрлат на азербејџанска територија.

Во изјави за западни медиуми, некои од нив, меѓутоа, имаат речено дека парите не се единствениот мотив за нивното војување за и околу Карабах.

„Битка за турската кауза“!

„Ние сме овде (во Азербејџан) за да ја браниме позицијата на Турција, затоа што таа силно застана зад нас во Сирија кога беше најпотребно. Турција не одбрани од Сиријците и од Русите кај Идлиб и Алепо, затоа мораме сега да бидеме на турска страна.

Доколку Турција доживее пораз, никогаш не ќе можеме да се вратиме назад, дома во Сирија“- имаат изјавено некои од платениците.

Многу од нив биле префрлени во Азербејџан, уште пред, минатиот викенд, Азерите да започнат војна со Ерменците во Нагорно Карабах, за оваа некогашна советска област, која од 1991 година, практично е независна енклава, иако не е признаена од никого. Ниту од Ерменија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе