Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Нема пречек на Нова година на Тајмс Сквер

Songquan Deng/BigStock.com

Нема пречек на Нова година на Тајмс Сквер

Градската управа на Њујорк соопшти дека овој пат се откажува традиционалниот пречек на Нова година, на Тајмс Скверот, заради коронавирусот и се уште раширената пандемија низ Америка.

Наместо на главниот њујоршки плоштад, пречекот на новата 2021 година, ќе се пресели на интернет. Тоа значи дека спуштањето на веќе прославената топка, како и сите концерти за таа ноќ, ќе може да се гледаат само он-лајн.

Еден од продуцентите на прославата изјавил дека на сите им е жал поради ова и дека ќе им недостига, традиционалното испраќање на старата и пречекот на новата година. „Но, овој пат, наместо да ги собереме луѓето на плоштадот, ние ќе им ја донесеме новогодишната прослава во нивните домови“ – рекол овој продуцент.

Досега, обично, на прославувањето на Тајмс Сквер се собираа до еден милион луѓе- најмногу од градот Њујорк и неговата околина, како и од САД, од соседните сојузни држави, но и гости од светот. Сите заедно беа таа ноќ на плоштадот за да ги проследат бројните концерти и настапите на познати музичари.

Првиот пречек на Нова година, на Тајмс Сквер во Њујорк е организиран уште во 1904 година.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе