Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Вонбрачната ќерка стана принцеза

Вонбрачната ќерка стана принцеза

Белгиската уметничка Делфин Боел (52) која седум години водеше правна битка – да биде призната како вонбрачна ќерка на поранешниот крал Алберт (85), а потоа и да и се додели кралско наследство – успеа да ги добие и двете битки.

Апелациониот суд во Брисел пресуди дека таа треба да биде признаена како белгиска принцеза и да го користи кралското презиме на својот биолошки татко. Според судската одлука – Боел сега ќе се нарекува Делфин Сакскобурготски, принцеза на Белгија.

Двете деца што таа ги има од својот брак, исто така влегуваат во „наследниот пакет“- па ќерката и синот на Боел сега може да се нарекуваат принцеза и принц на Белгија.

Нејзиниот адвокат им изјавил на новинарите дека Делфин Боел е задоволна од расплетот на седумгодишното спорење и од тоа што таа, сега е изедначена со сите права како и законските деца на поранешниот крал, вклучувајќи го и неговиот најстар син од бракот со поранешната кралица Паола – актуелниот белгиски крал Филип.

Алберт абдицираше во 2013 година откако избувна аферата што се покрена кога Боел јавно призна дека таа е вонбрачна ќерка на тогашниот белгиски крал, а веднаш по тоа, покрена правна битка за докажување на татковството.

Таа година и нејзината мајка, инаку белгиска баронеса, соопшти дека имала долга љубовна афера со Алберт, пред тој да стане крал, по смртта на неговиот брат, кралот Бодуен.

Мајката на Боел тогаш има речено дека таа и принцот Алберт биле во врска од 1966 до 1984 година, како и дека од таа љубовна врска се родила Дафне.

И по нејзиното раѓање, Алберт ја посетувал баронесата и бил близок со својата вонбрачна ќерка, иако тоа го сокривале од неа и од јавноста.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе