Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Финците најголеми пијачи на кафе!

Jason Betz/Unsplash

Финците најголеми пијачи на кафе!

Кафето направено како еспресо, или капучино, како нес, или како филтер кафе, или пак подготвено на традиционалниот балкански начин – како турско кафе – е исклучително популарна пијачка. Далеку најмногу во Европа, каде секој ден, во илјадници кафулиња низ градовите на континентот, има постојано многу луѓе-пијачи на кафе.

Според имињата на приготвувањето на кафето, впечаток е дека најголеми „зависници“ на оваа пијачка, би требало да се Италијанците и Французите, каде има цели студии за нивната “ кафе култура“, или пак Германците, или Американците, каде кафе по кафулињата и бифињата се долива како да е вода.

Скандинавско изненадување

Но, испитувањето направено по повод 1 октомври- меѓународен ден на кафето- за тоа кој и каде пие најмногу кафе, дојде до сосема поинакви и изнадувачки сознанија.

Според испиеното, што ќе рече, потрошеното количество кафе, по глава на жител и мерено во килограми, најголеми пијачи на кафе се Скандинавците и луѓето од земјите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург).
Мерено според секоја земја посебно, уверливо најмногу кафе трошат (и пијат) Финците- дури по 12 килограми на секој жител на Финска!

На второ место се Норвежаните (9,9 кг.), па Исланд со 9 кг. по жител, додека на четвртото и на петтото место се Данска (8,7) и Холандија (8,4 кг.). Од шестото до десеттото место следуваат – Шведска, Швајцарија, Белгија, Луксембург и Канада.

ЕУ има увезено три милиони тони

Италија, која на светот му ги има дадено имињата на два популарни начини за приготвување кафе, е дури на 13 место.

Бразил кој произведува една третина од целокупното светско производство на кафе, е на 14 место, Франција е 18-та, додека САД се дури на 25 место. Германија се наоѓа на 16 место, додека Грција, со потрошени 5,4 кг. по жител, е седумнаесетта.

Македонија, пак, каде кафулињата се полни со луѓе во текот на целиот ден, ја нема меѓу првите 25 земји – најголеми потрошувачи на кафе, мерено по глава на жител.

Затоа, пак, три држави од некогашниот југословенски простор- се рангирани меѓу првите дваесет. БиХ е на 11 место, Словенија е петнаесетта, а Хрватска е деветнаесетта.

За денот на кафето, ЕУ го обелодени податокот кој зборува за европската „зависност“ од овој напиток. А, тоа е дека во 2019 година, само земјите на Унијата, сите заедно, имаат увезено три милиони тони кафе.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе