Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Мери Трамп го тужи чичкото Доналд – за измама

palinchak/BigStock.com

Мери Трамп го тужи чичкото Доналд – за измама

Мери Трамп, ќерка на еден од браќата на американскиот претседател Доналд Трамп, преку својот адвокат, објави дека до судот во Менхетен (во Њујорк) има поднесено тужба против својот чичко – за измама.

Измамата се однесува околу наследството што го има оставено нејзиниот дедо, починат пред 20 години.

Покрај претседателот на САД, во тужбата, како обвинети се посочени и сестрата на Трамп, Мериен и нивниот брат Роберт Трамп, кој почина минатиот месец. Тужбата сега, всушност, се однесува на неговата компанија.

Вкупната вредност на побарувањата за кои тужи Мери Трамп, изнесува десет милиони долари.

„Истуркана“ од семејното наследство

Според тужбата, нејзините најблиски роднини – двајцата чичковци и едната тетка – се обвинуваат за измама и за правење заговор против тужителката и нејзините интереси врзани за семејното наследство. Нивната внука Мери тврди дека тие тројцата „грубо ја истуркале“ од наследството, сакајќи целиот имот што го оставил нивниот татко и нејзин дедо, да го задржат само за себе.

Мери Трамп која, инаку, е доктор по психијатрија, на крајот од јули објави книга- биографија за својот чичко-претседател на САД, под наслов – „Како моето семејство го создаде најопасниот човек во светот“.

За овој случај таа пишува и во својата книга, но деталите за американските медиуми ги има дадено адвокатот на Мери Трамп кој открива дека „измамниците“ ја сокриле од неа вистинската вредност на оставениот имот од нејзиниот дедо.

Таа го прифатила она што и го понудиле чичковците и тетката, како што сега вели, длабоко верувајќи им.

Дури подоцна разбрала што навистина и направиле и дека – едноставно – ја измамиле.

Белата куќа реагира со омаловажување

Неодамна починатиот чичко Роберт ќе остане запаметен и по тоа што поднесе тужба против Мери Трамп, откако беше најавено дека ќе се појави нејзината книга за Доналд Трамп. Помладиот брат на претседателот, преку суд, настојуваше да го спречи појавувањето на книгата.

Сестрата на претседателот, Мириам, пак, во една прилика, разговарајќи со својата внука од брат, мошне критички има зборувано за актуелниот претседател на САД- нарекувајќи го како „најголемиот лажго“.

Белата куќа реагираше на тужбата од Мери Трамп, околу семејното наследство, во стилот како што тоа го прави и претседателот- дисквалификувајќи ја и омаловажувајќи ја, но не демантирајќи ништо.

Авторката на книгата, според портпаролот, на Белата куќа била „неморална“ затоа што зборовите кои ги има изговорено Мириам Трамп (наводно) биле тајно снимени. А, писателката објаснува дека тие се од разговорот со нејзината тетка, при правењето на книгата.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе