Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Орбан против „империјализмот на демократијата“

Belish/BigStock.com

Орбан против „империјализмот на демократијата“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан продолжува во својата груба и арогантна пресметка со европските вредности кои, инаку, неговата земја ги има прифатено и над нив се има и „заколнато“, при влегувањето на Унгарија во ЕУ, на 1 мај 2004 година.

Веќе и не ја сокрива омразата кон демократијата и кон демократските и либералните вредности на Европа и на оние на светот, таму каде ги има, па во своето огласување по повод американските избори, тој индиректно навестува дека (навистина) може да биде првиот автократ кој е на власт во Унијата.

Откривајќи притоа дека за изборите на 3 ноември во САД со сите сили ќе навивал за победа на Доналд Трамп.

Напади врз демократите на САД

Што ќе рече – тој и дава поддршка на досегашната контроверзна политика на актуелниот американски претседател.

На внатрешен план – конзервативна, со омраза кон странците и мигрантите, на работ да се означи и како расистичка и исполнета со популизам каков до сега немало во САД. На надворешен план, пак, изолационистичка и со некоја чудна наклонетост кон авторитарните режими, како оние на рускиот и бразилскиот претседател, или дури и на севернокорејскиот диктатор.

Вклучувајќи го тука и почитувањето за она што го прави Орбан во неговата земја.

Според Унгарецот, дошколуван на Западот со парите на демократот и филантроп Џорџ Сорос, кој од секогаш е политички наклонет на американската демократска партија, Орбан сега се нафрла врз демократите на САД со едно досега не слушнато обвинување.

Прва диктатура во ЕУ?

Тој за американските демократи има речено дека не треба да владеат со Америка, затоа што „на светот му наметнале морален империјализам“!?

Останува уште да каже  што брани во Унгарија.

Неговите критичари кои ги застапуваат либералната демократија и отвореното општество, без подигнување ѕидови, без ширење омраза кон сите неунгарци, а тоа се избеганите унгарски новинари во странство, имаат свое објаснување. Тие велат дека оваа некогаш респектабилна земја-членка на респектабилната Вишеградска четворка од Средна Европа – со Орбан како премиер, веќе десет години – се претвора во диктатура.

Според нив, Унгарија е на патот да биде и првата диктатура во Европската Унија.

Не е затоа чудно што Унгарецот, кој се повеќе се врти кон европската крајна-десница, веќе суспендиран од членството во блокот на десно-центристичките партии на Европа/ЕУ, се нафрла со остри критики на демократите во САД и врз нивниот либерален, демократски кандидат за претседател, практично, дисквалификувајќи ја демократијата, за сметка на – можеби некаква „морална диктатура“ каква што тој и нему сличните ја почитуваат.

Уточиште за деспотот од Македонија

Кога вака ќе се промовира и самопортретира Виктор Орбан, не е чудно што кај него се сокрива еден бегалец од Македонија. Станува збор за поранешниот премиер и деспот во стилот на оние кои обајцата ги копираат. Овој нашиов, (да не се заборави) е правосилно осуден за криминал, а  избега во Будимпешта со помош на унгарската тајна служба и на уште некои други тајни служби.

Се исплаши од можноста – од автократски лидер во земјата, што ја претвори во негова и во партиска приватна фирма, наеднаш да се спушти на нивото на затвореник, во една затворска ќелија, па нека е таа и „специјална“ за бивш премиер.

Во секој случај, затоа и не чуди што симпатизерите на режимот, гласачите на вмровската крајно-десничарска и антиевропска партија – остануваат навивачи на Трамп, како што е и Орбан. Без разлика што тоа не е им е битно на Американците, затоа пто тие за себе избираат претседател.

Но, е забележливо дека такво расположение има и во нашето најблиско соседство – од сите националисти, популисти, ултра-десничари кои либералната демократија ги плаши, како што ѓаволот се плаши од крстот. Ги има секаде каде има авторитарна власт која (наводно) 24/7 мисли за народот.

(Б.У.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе