Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

ЕУ независна од добавувачите од Азија

AlexLMX/BigStock.com

ЕУ независна од добавувачите од Азија

ЕУ мора да биде помалку зависна од добавувачите во Азија кои се вклучуваат во разни подрачја, во процесот на индустриското производство, и да почне да развива сопствен синџир на вакви вредности– изјави германскиот министер за стопанство Петер Алтмаер.

Според неговото толкување, пандемијата со коронавирусот покажа колку е важно членките на ЕУ да се држат една за друга и да дејствуваат заедно, па затоа на таков начин мора и своите трговски односи да ги направат поразноврсни.

Тоа значи внатрешниот пазар на Унијата да функционира „глатко и без проблеми“, но во исто време ЕУ да гарантира и еден свој, отпорен, синџир за обезбедување (на она што се прима од разните добавувачи во Азија), како и поголема безбедност во меѓународната трговија.

Во овие шест месеци, до крајот на годината, со Унијата претседава Германија, а министерот Алтмаер, инаку близок до канцеларот Ангела Меркел, на почетокот од неделата ќе претседава со специјалната конференција на министрите за трговија на ЕУ. На овој состанок, посебен акцент е ставен, токму, на глобалниот синџир од добавувачи на разни производи и полупроизводи.

Официјален Берлин, сепак, се залага ЕУ да не му сврти грб на глобализмот, како и на глобализацијата како процес, затоа што според германското толкување – пазарите за трговија мора да останат отворени.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе