Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Берлинскиот процес во ноември – во Софија

sasirin pamai/BigStock.com

Берлинскиот процес во ноември – во Софија

Следниот состанок во рамките на Берлинскиот процес, на кој се собираат лидерите на Западен Балкан и на ЕУ, треба да се одржи во првата половина на ноември, во бугарскиот главен град Софија.

На него треба да се усвои планот за создавање заеднички регионален пазар.

Според европските медиуми, во Европската комисија во Брисел се истакнува дека забрзано се изработува планот за усогласување на неговите детали. Овој план треба да се разгледа, но и да се усвои во Софија.

Слободно движење луѓе и стоки

Неговата суштина, практично, се врти околу обезбедувањето слободно движење на луѓе, стоки и услуги (како што е тоа во рамките на ЕУ), но при тоа, да се обезбедат и конкретни мерки од кои полза ќе имаат компаниите, но и граѓаните од овој регион.

Планот предвидува намалување на прекуграничните банкарски надокнади, елиминација на техничките пречки за трговијата, па потоа, ускладување на инвестиционата политика, како и признавање на професионалните квалификации низ целиот регион. Конечно, предвидено е и поттикнување на Е-трговијата.

Берлинскиот процес е покренат во 2014 година, кога се состанаа премиерите и министрите од Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија, но и Хрватска, Словенија, Австрија, Франција и Европската комисија.

Состанокот беше на иницијатива на германскиот канцелар Ангела Меркел со цел да се постигне договор за јакнење на регионалната соработка во Западен Балкан, но и за разрешување на преостанатите отворени прашања во регионот.

Надминување на старите спорови

Во ова меѓувреме од шест години, Република Северна Македонија ги разреши своите стари проблеми со соседите – преку Договорот за соработка и пријателство со Бугарија, како и спорењето околу користењето на името Македонија, со Република Грција, со историскиот Договор од Преспа во јуни 2018 година.

Србија го отвори процесот за преговори со Косово, но цели две години тој беше блокиран, без силна желба и на двете страни, работите да се поместат од мртва точка. Сега, после договорот од Вашингтон и одново отворениот процес во Брисел, со помош на ЕУ, работите како да стануваат малку појасни.

Во самиот Белград веќе се зборува дека Србија, со вашингтонскиот договор, практично го има признаено Косово како посебен меѓународно-правно признат субјект, затоа што така е третирано и во спогодбата, а и од американската администрација која зборува за две држави.

Тоа уште повеќе се потврдува со тоа што официјален Белград се нема спротивставено на признавањето на Косово од страната на Израел.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе