Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Мадона режира филм за својот живот

Denis Makarenko/BigStock.com

Мадона режира филм за својот живот

Поп ѕвездата Мадона ќе биде режисер на биографскиот филм за својот живот. Шеесет и две годишната пејачка и актерка која се има опробано и како филмски режисер, ќе соработува при изработката на сценариото.

„Имам желба да го пренесам мојот животен пат во кој бев уметничка, музичарка, танчерка, но и да се покажам себе си и како човек. Сепак, во фокусот на филмот ќе биде музиката, која постојано ме тераше да одам напред” -има изјавено Мадона за американските медиуми.

Според објаснувањето дадено за медиумите, во нејзиниот живот има толку многу нераскажани, а инспиративни приказни, за кои рекла дека само таа би можело самата да ги раскаже.

Не е соопштено, кога се предвидува филмот да се појави пред гледачите во САД и низ светот, а ниту кои ќе бидат актерите во нејзиниот биографски филм.

Мадона има освоено 225 разни престижни награди. Во текот на својата кариера за која има речено дека трае 50 години, таа се има појавено во десетина филмови.

Најпозната и е сепак улогата на Ева Перон, во филмот „Евита“ (со Антонио Бандерас), работен според истоимениот мјузикл на Британците, Ендрју Лојд Вебер и Тим Рајс, за која беше наградена и со „Златен Глобус“ за најдобра женска улога.

Во 2011 година, Мадона дебитираше и како режисер, во филмската приказна „Волис и Едвард“ – за британскиот крал Едвард Осми и неговата љубовна и животна избраничка Волис Симпсон, поради која кралот и се откажа од британскиот престол.

Има режирано и продуцирано и неколку документарни филмови.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе