Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Детето на љубовта“ бара кралско наследство

„Детето на љубовта“ бара кралско наследство

Вонбрачната ќерка на поранешниот белгиски крал Алберт, преку суд бара да ги добие истите кралски права и титулите, какви ги имаат и неговите законски деца.

Делфина Боил (52) има покренато судска постапка пред судот во Брисел, која сега се наоѓа пред тамошниот Апелациски суд, откако во јануари оваа година, по долго одрекување, поранешниот крал призна дека тој е нејзиниот биолошки татко. Тогаш, Алберт откри дека цели 18 години имал љубовна врска со мајката на Боил, инаку белгиска баронеса.

Врската траела и била прекината пред Алберт да стане крал на Белгија.

Првите гласини за постоењето вонбрачно дете во тогашното кралско семејство се појавија во 1999 година. Тогаш во белгиската јавност се појави една неавторизирана биографија за сопругата на Алберт, кралицата Паола.

Самата Боил, прв пат јавно соопшти дека таа е ќерка на кралот, од неговата вонбрачна врска со нејзината мајка, во едно телевизиско интервју во 2005 година. Ништо тогаш, не можеше да се направи, ниту да се отвори судска постапка и сето тоа траеше се до 2013 година кога кралот Алберт абдицираше.

Тогаш тој го загуби кралскиот имунитет, гарантиран од Уставот, па можеше да се отвори и постапка за докажување на татковството на што инсистираше неговата вонбрачна ќерка, преку нејзините адвокати.

Сега таа бара да ги добие сите права кои инаку ги имаат неговите три деца, од бракот со кралицата Паола. Тоа се актуелниот белгиски крал Филип, како и помладиот син, принцот Лорен и ќерката, принцезата Астрид.

Адвокатите на поранешниот крал тврдат дека Делфина Боил единствено може да ја добие титулата „принцеза“ но само со кралски декрет, а не со одлука на било кој суд.

Алберт стана крал на Белгија, по смртта на неговиот постар брат, кралот Бодуен кој немаше деца и наследници на престолот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе