Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Сноуден (сега) сака да остане во Русија

Sorbis/BigStock.com

Сноуден (сега) сака да остане во Русија

Поранешниот техничар на американската Национална агенција за безбедност (NSA) Едвард Сноуден, кој украде тајно документи и бројни високо доверливи материјали за агенцијата, а потоа побегна во Русија, каде престојува веќе шест години, изјавил дека сака таму да остане – и понатаму.

Неговиот руски адвокат кој ја има пренесено желбата на Американецот што стана шпион, рекол дека станува збор за техничко прашање, затоа што веќе истекувала досегашната дозвола за престој.

„Чесен граѓанин“

Познавачите на руските прилики, меѓутоа, објаснуваат дека е сигурно оти властите во Русија ќе му одобрат продолжување на престојот во оваа земја, каде Сноуден се претвори во орудие на тамошните тајни служби, на кои им има предадено голем број материјали што ги има украдено, како објаснувајќи им го работењето и функционирањето на НСА.

Руската агенција ТАСС објави информација во која се вели дека избеганиот Американец живее во Русија како „чесен граѓанин“ кој ги почитува руските закони и мерките за заштита од болеста Ковид, но и понатаму не се открива каде живее и од што живее шпионот-бегалец сите овие години.

Сноуден избега од САД во 2013 година, прво во Хонг Конг, каде остане неколку денови сокривајќи се, а потоа, со авион на кинеската воздухопловна компанија замина за Москва, каде беше веднаш ставен под заштита на тамошните тајни служби кои потоа со месеци го имаат „обработувано“. Но, формално, во Русија тој престојува од 1 август 2014 година.

Надгледувани терористи

Едно време, минатата година тој изјавуваше за некои западни медиуми, во разговори преку телефон, дека би сакал да се врати во САД, но дека стравува оти би можел да се соочи на судење кое тој од Русија го квалификуваше дека „не би било фер и чесно“.

Од почетокот се обидува да убеди дел од светската јавност, а особено онаа која го подржува и поранешниот австралски хакер и основач на Викиликс, која инаку го брани и Сноуден, дека е борец за демократија и за почитување на слободите на луѓето.

Тоа го тврди затоа што обелодени дека НСА не ги следела само разговорите на осомничените за исламски екстремизам, во САД, пред се, но и низ светот, барајќи меѓу нив потенцијални терористи, туку дека биле „надгледувани“ и низа светки политички лидери, пријатели на САД.

Во стилот на „Студената војна“

Но, тоа го направи предавајќи американски тајни на Русија, а веројатно и на Кина, додека чекаше да се префрли во Москва, две земји кои масовно ги прислушуваат и ги следат своите граѓани, а сега се открива и дека користејќи ја најсовремената технологија, извршуваат хакерски напади врз САД, директно мешајќи се во тамошната изборна кампања, како и врз низа други земји.

Пред четири години, на овој начин, Русија отворено дејствуваше во полза на Доналд Трамп, а против демократскиот кандидат Хилари Клинтон и таа афера, практично, се уште не е затворено. Посебно затоа што тоа се случува и за овогодишните избори.

Сноуден остана во Русија и неговиот третман сите овие години е сосема идентичен со оној од времето на “ Студената војна“ при пребезите на шпиони од Западот во тогашниот СССР. Дури и соопштението на ТАСС е сосема налик на оние информации за пребегнатите шпиони од тоа време, како, на пример, за британскиот „мастер-шпион“ Ким Филби.

Се до неговата смрт во Москва, во осумдесеттите години на 20 век, за него повремено се јавуваше дека Филби „живее како чесен граѓанин, почитувајќи ги законите“ – на тогашниот Советски Сојуз.

Сноуден против Амазон

Во случајот на Сноуден, станува збор за денешна Русија, која, очигледно, воопшто го нема сменето стилот на комуницирањето со својата и другата јавност.

Избеганиот шпион денови одново се огласи, покажувајќи дека работи и натаму за руските тајни служби, кога дисквалификуваше еден новопоставен директор, на висока позиција во компанијата Амазон, тврдејќи дека станува збор за поранешен човек на НСА, од времето кога тој веќе се има претворено во странски шпион.

Во изјава, за која треба да се верува дека е оригинално негова, Едвард Сноуден има речено дека новопоставениот директор е еден од творците на планот на НСА за следење на осомничените и потенцијални џихадисти-терористи.

Сето ова е налик на времето кога Истокот и Западот војува преку пребегнатите шпиони кои им требаа за разузнавачки потреби, но и за силно пропагандни цели.

А, тоа само покажува дека се во право оние кои веруваат дека побегнатиот техничар на НСА, ќе остане трајно во Русија.

(М.Р.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе