Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Прва продавница на „Стоунси“ во Лондон

Denis Makarenko/BigStock.com

Прва продавница на „Стоунси“ во Лондон

Легендарната британска рок група „Ролинг Стоунс“, за прв пат во Лондон и во светот, отвори своја продавница.

Продавницата се наоѓа во улицата „Карнаби“ во центарот на британскиот главен град, која во шеесеттите години на 20 век, претставуваше култно место за музиката и за облекувањето на генерацијата во која се појави групата. Тоа е локација во која ги имаат создавано своите први хитови, „Стоунси“, но и Дејвид Боуви и групата „Ху“, а тоа беше и локацијата од каде тргна и мини модата, на тогаш прославената креаторка Мери Квант.

„Отвораме продавница во време на раширена пандемија. Сите не прашуваат – зошто токму сега? А, јас, пак, велам, затоа што сме вечни оптимисти“ – изјавил 77 годишниот Мик Џегер, фронтменот на прославената група.

Во продавницата, инаку, се нудат разни маички и блузони со логотипот на „Стоунси“, потоа виндјакни, чадори во разна големина, нотеси и шишиња насликани, најчесто, со добро познатата илустрација на испружениот јазик на Џегер. Се нудат маски за лице, а сето тоа е е пропратено со многу нивна музика.

На големите екрани во продавницата се емитуваат снимки од нивните концерти во Британија и низ светот, а постојано се пуштаат нивните најголеми и напознати хитови.

-Овој кварт и улицата потсетуваат на едно време. Овде вежбавме, создававме музика, а многу често тука и се храневме- рекол Мик Џегер.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе