Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Запрено испитувањето на вакцината на Оксфорд/Зенека

Rido81/BigStock.com

Запрено испитувањето на вакцината на Оксфорд/Зенека

Фармацевтска групација АстраЗенека соопшти дека (привремено) е запрено испитувањето на вакцината против Ковид-19 , откако кај еден од доброволците се појавило „необјаснето заболување“.

Претставник на компанијата изјавил дека тоа е вообичаена постапка во текот на клиничкото испитување, при подготвувањето на некоја нова вакцина, или нов лек. Посебно, кога испитувањето дојде до  третата фаза, како што е тоа со сегашната анти-корона вакцина. Најавено е дека многу брзо ќе се продолжи со испитувањето.

АстраЗенека е индустриски партнер на угледниот британдки Универзитет Оксфорд, а за нивното истражување за изработка на ваква вакција, се вели дека е најнапреднатиот проект меѓу сите истражувања покренати на Западот.

Триесет илјади доброволци

Таа се тестира на 30 илјади ( платени) доброволци од САД, Велика Британија , Бразил и Јужна Африка. Испитувањето со тестирањето сзега се во својата трета и последна фаза, откако првите две се оценети како мошне успешни.

Засега не е познато каква е тежината проблемот со која се соочиле научниците и лекарите, за да се запре со испитувањето, но експерти проценуваат дека „заболениот доброволец ќе се опорави“. Ова е прв пат, некоја од истражувачките лаборатории и клиниките каде се вршат тестовите да откријат и да признаат за вакви детали во истражувачкиот процес и да објават дека мора да го запрат испитувањето.

Групацијата АстраЗенека/Оксфорд веќе има потпишано договори, или се уште преговара со многу држави во Европа и во светот, за купување милиони дози вакцина – доколку таа се покаже ефикасна против коронавирусот. Меѓу нив, најголемиот број се земјите-членки на ЕУ.

Инфламаторен синдром

Во секој случај, меѓународната јавност со големо внимание го следи истражувањето во низа лаборатории и институти кои трагаат по вакцина против болеста Ковид и вирусот што ја предизвикува, што се има раширено низ целиот свет. Од  САД, преку Европа и Русија се до Кина и земјите на Далечниот Исток.

Во таа своевидна трка – за престиж, но секако и за заработувачка – Оксфорд/Зенека важи за едеен од најсилните натпреварувачи за новата вакцина.

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ пишува дека заболениот доброволец е од Британија.

Кај него било откриено дека заболел од инфламаторен синдром што го зафаќа рбетниот мозок. Ваквото заболување може да биде предизвикано и од вирална инфекција.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе