Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Македонија: Без данок за доход за вработените во ИТ

REDPIXEL.PL/BigStock.com

Македонија: Без данок за доход за вработените во ИТ

Македонската влада најави дека до 2024 година планира целосно да го укине данокот на доход за вработените во ИТ секторот.

Според планот на владата во Скопје, целта на ваквата мерка е да и се овозможи на домашната економија да стане уште поконкурентна – преку македонските и низ странските инвестиции. Посебна нагласка во сето ова се става на иновациите.

Владата на Република Северна Македонија ќе настојува до крајот на овој мандат – до 2024 година – да создаде годишен раст на БНП од 4 отсто, што се верува дека ќе влијае и врз ИТ секторот во земјата.

Со менување на даночната политика, за овој сектор предвидено е да важат други и поинакви услови.

Тоа значи, сегашната даночна стапка од 10 отсто, следната година да се намали на 5 отсто. Во 2022 година да се намали на 3 отсто, а во следната 2023 година данокот целосно да се укине.

Според владата, дигитализацијата се означува како суштински процес, за да може македонската економија да стане поефикасна, што пак треба да го зголеми квалитетот на животот во оваа држава. Планот предвидува Македонија да се претвори во регионален акцелератор за новосоздадените фирми, бидејќи акцентот владата го става на можноста за брз економски пораст.

Планот на македонската влада предвидува, после првите шест месеци како регионален акцелератор, земјата да се отвори и за државите во регионот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе