Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Женски труп пред палатата Кенсингтон во Лондон

mistervlad/BigStock.com

Женски труп пред палатата Кенсингтон во Лондон

Мртво тело на жена беше откриенио наспроти палатата Кенсингтон во Лондон, пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на соопштение од Скотланд Јард.

Трупот во малото езеро што е пред палатата, во истоимениот парк, што, пак,  е дел од Хајд Паркот, најголемиот зелен простор во британскиот главен град, го имаат откриено минувачите.

Откритието, велат, дека предизвикало бројни коментари и нагаѓања , особено што во блиската палата живеат принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин-Кејт- Мидлтон, војводата и војвотката од Кембриџ и нивните три деца.

Околу инцидентот има настанато и конфузија која полицијата, засега,  не успева да ја разреши, што на целиот инцидент му дава посебна тежина.

Кога е откриено телото, Скотланд Јард брзо објави дека станува збор за 51 годишната Енделион Лисет Грин, уметничка, која претходно, една недела  полицијата ја третираше како исчезната и трагаше по неа. Набргу потоа, меѓутоа, таа беше откриена жива и здрава, што веднаш го покрена прашањето за тоа која е жената најдена удавена во водата на езерото кај Кенсингтонската палата.

Медиумите пишуваат дека полицијата трага по идентитетот на починатата, но и за тоа дали таа била убиена, па фрлена во езерото, дали извршила самоубиство, или, пак, можеби  несреќно паднала во водата. Весниците ја отфрлаат можноста за несреќа, забележувајќи дека речиси е невозможно некој да се удави случајно паѓајќи во водата на малото езеро сместено во градски парк.

Засега нема никаков коментар од палатата Кенсингтон за инцидентот во нејзината непосредна близина.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе