Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Со темјан и молитва против корона!

Irena_Geo/BigStock.com

Со темјан и молитва против корона!

Учителката во едно основно училиште во Нови Сад (Војводина, Република Србија) им предложила на родителите на учениците кои ги подучувала, пред почетокот на часовите да ја покади училницата со темјан, а децата да му се помолат на Господ, за да се заштитат од коронавирусот – пишуваат војводинските медиуми.

Поголем дел од родителите се согласиле со предлогот, но имало и такви кои остро се спротивставиле.

Мајката на едно дете, која ја критикувала учителката што нуди и предлага ваков начин за борба со вирусот и пандемијата, во 21 век, сега е предмет на жестоки критики и напади на социјалните мрежи.

Вирусот и Господ

Тоа доаѓа, пред се, од опкружувањето на оние родители кои ја подржале учителката, но и од оние кои се уште веруваат дека вирус нема, а дека доколку навистина постои убедени се дека тој може да се истера само во верба во Господ и со молитви- како што тоа секогаш се правело!!

Учителката, инаку, на децата им предавала веронаука. Таа преку Вибер на интернет, им се обраќала на родителите на учениците, барајќи од нив да ја подржат. Дури спровела и интернет гласање и со резултатот од гласањето сакала да си обезбеди поддршка кај училишната управа за нејзиниот предлог.

Предлогот бил – секое утро, пред да влезат децата во училницата, таа да запали темјан и да ја покади просторијата. А, потоа, децата сите на глас, да ја изговорат молитвата – „Оче наш“.

Мајката која сега без малку ќе ја „линчуваат“ на интернет, затоа што го открила однесувањето на учителката пред пошироката јавност во Војводина, им изјавила на новинарите дека, едноставно, не можела да го одмолчи целиот случај.

„Линч“ за противниците

„Па, ова е наметнување, на сила, преку актуелната епидемија, верското учење и внесување на црквата во образованието, во Србија која, официјално, е секуларна држава. Нам не ни требаат ниту темјан, а ниту молитви. Освен тоа, во класот има и деца кои се од друга религија“ – рекла оваа мајка.

Учителката, сепак, останала упорна во тоа да ги наметне своите методи за борба со епидемијата и со коронавирусот, па својот предлог го доставила до управата на училиштето, оправдувајќи го тоа со поддршката што ја добила на гласањето на родителите- преку интернет.

Управата, меѓутоа, го одбила предлогот и не дозволила верски ритуали, со молитви и кадење на училниците.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Западен Балкан

Горе