Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

„Шарл Ебдо“ со карикатурата на Мохамед од 2015

hadrian/BigStock.com

„Шарл Ебдо“ со карикатурата на Мохамед од 2015

Француското сатирично списание „Шарл Ебдо“ во својот најнов број одново ја објавува карикатурата врзана за исламскиот пророк Мохамед, објавена во новогодишниот број од 2015 година, која на терористите-џихадисти им послужи како изговор за „ казнување“ на редакцијата, која беше нападната.

Дури 12 лица беа убиени во нападот на двајца браќа џихадисти.

Осумина членови на редакцијата, меѓу нив и четворицата главни карикатуристи, потоа двајца полицајци , курирот во редакцијата, како и едно лице од надвор, дојден случајно, како гостин, отанаа мртви, пред француските спацијалци да ги убијат напаѓачите.

Дивеење на џихадистите

Поводот за сегашното препечатување на, наводно, спорната карикатура на Мохамед, е почетокот на судењето на 14 лица кои се обвинуваат дека се поврзувани со тој терористички напад. Единаест од нив се во судницата , додека на тројца од групата , им се суди во отстуство.

Француските истражни органи веруваат дека сите тројца, доколку се живи, се на територијата од Сирија и во Ирак, како припадници на терористичката Исламска држава (ИД). Сите се обвинети дека им помагале на убијците во бруталното ликвидирање на невини луѓе, на нивните работни места.

Во друг напад, поврзан со нападот врз „ Шарл Ебдо“ , третиот терорист , уби една жена полицаец која се затекнала на улица- како позорникар, како и други четири лица- купувачи и еден продавач- сите во супермаркет за еврејска храна во Париз.

Вкупно 17 лица беа убиени во период од три денови, исполнети со дивеење на џихадистите и масовниот лов по терористите од страна на полицијата. Се покажа, меѓутоа , дека тоа беше само почеток на бранот џихадистички терор низ цела Франција, во кој беа убиени повеќе од 250 луѓе.

„И јас сум Шарл“

Милиони Французи и луѓето низ Европа, во тие денови, излегоа на масовни маршеви за солидарност со убиените, посебно со оние во редакцијата на сатиричното списание, протестирајќи под слоганот – И јас сум Шарл.

Францускиот претседател Емануел Макрон и тогаш и сега силно ја брани слободата на печатот и на медиумите, како што ја брани и слободата на богохулството, која тој и во Франција ги бранат заедно со одбраната на слободата на совеста.

Се очекува судењето да трае педесетина денови.

Процесот што се одлага подолго време, требаше да почне во март, но тогаш се одложи поради глобалната пандемија со коронавирусот.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе