Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Француски офицер шпионирал за Русија

hadrian/BigStock.com

Француски офицер шпионирал за Русија

Еден висок француски офицер е уапсен во Париз, откако е осомничен дека шпионирал за Русија – јавуваат француските медиуми, но засега не го откриваат неговиот идентитет.

Тој бил уапсен пред десет дена, во моментите кога се подготвувал да замине во Италија, по одморот што го поминал дома, во Франција.

Станува збор за потполковник кој бил на работа во командниот центар на НАТО, во близината на Неапол.

Апсењето го потврдила и француската министерка за одбрана Флоранс Парли, која целиот случај го објаснила како инцидент со „сериозно прекршување на безбедноста“.

Извори блиски до истрагата, пак, за еден париски медиум имаат изјавено дека офицерот е осомничен за „шпионирање во полза на една странска земја со кое се поткопуваат основните интереси на државата (на AФранција)“.

Повеќе детали за целата шпионска афера даваат повеќе детали. Според Радио Европа 1, уапсениот француски потполковник „предавал чувствителни информации на руското разузнавање“.

За него се вели дека имал далечни руски корени, но дека течно зборувал руски јазик.

За аферата и за тоа дека е откриен шпион во командниот центар на Алијансата кај Неапол, засега нема никакви реакции од НАТО.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе