Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Турција: Почина адвокатката што штрајкуваше со глад

Турција: Почина адвокатката што штрајкуваше со глад

Турската адвокатка Ебру Тимтик, осудена на долгогодишен затвор, која пред 238 денови стапи во штрајк со глад, почина во една од истанбулските болници. Нејзината канцеларија и претставници на адвокатската комора ја опишаа нејзината смрт како – маченичка.

Таа и уште 17 други адвокати, во 2019 година беа осудени за наводен „тероризам“, откако една година пред тоа, сите беа уапсени како „злосторници“, кои наводно, имаат формирано и раководено „терористичка група“.

Тимтук била обвинета и дека била дел од левичарска група која одржувала контакти со една друга група, позната како ДХКП-Ц, за која турските власти тврдат дека има изведено неколку терористички напади. За тоа, оваа адвокатка била осудена на 13,5 години затвор.

Задоцнето лекување

По изрекувањето на пресудата, веднаш побарала ново судење, барајќи тоа да биде, како што рекла – вистински фер и чесно – но била одбиена, а Апелациониот суд ја потврдил казната. Од февруари, годинава, таа како и уште неколкумина други адвокати, почнале да штрајкуваат со глад.

Еден од нив, според тамошните медиуми, Ајтек Унсал, е префрлен во болница и неговата здравствена состојба се опишува како критична.

Здружението на адвокатите сега откриваат дека на неколкупати испратиле барање да се ослободи Тимтик, а и другите, објаснувајќи дека тие не се никакви терористи, туку дека, пред се, се здружение кое дејствувало како опозиција на власта во земјата.

Здружението исто така, барало адвокатката да се префрли од затвор во болница, предупредувајќи дека нејзината состојба се влошува, но еден истанбулски суд, на почетокот од јули го отфрлил таквото барање.

Дури кога затворските лекари предупредиле дека Тимтик е во крајно критична состојба, била префрлена во болница, но се покажа дека тоа било задоцнета одлука.

Згазени човекови права

Кога починала Ебру Тимтик, на возраст од 42 години, тежела само 30 килограми.

Европската јавност остро го осуди однесувањето на туркситѕе власти и посебно на властите во тамошните затвори.

ЕУ реагираше со соопштение во кое бара од официјална Анкара „искрено и чесно“ да се соочи со се почестата ситуација за состојбата со човековите права во Турција.

Во Брисел обвинуваат дека состојбата во овој сектор, постојано се влошува.

Тимтик е четвртиот затвореник во Турција кој умира во затвор, како последица од штрајк со глад.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе